Псевдобазилика: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 18:45, 26 ноември 2017

Псевдобазилика е форма на христијански храм, кој обично е троброден со подигнат централен брод. Меѓутоа, за разлика од базиликата, средниот брод нема директна сончева осветленост преку базиличните прозорци, туку се осветлува само од прозорците од страничните ѕидови. Со оглед што има поголема височина, сводот на главниот брод често е во длабока сенка.


Сите три брода на псевдобазиликата се покриени со еден покрив, за разлика од базиликата каде е покриен само средниот (главниот) брод, а двата странични имаат засебни покриви, кои можат да бидат и рамни.

Во црковната архитектура псевдобазиликата се нарекува уште и намалена (редуцирана) базилика или ориентална базилика.