EvLa
Членува од 31 јануари 2006
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 63:
Сепак да ми разјасниш до крај ако може. Што ако кажам на пример езеро Треска или река Вардар? Тука мислам дека езеро или река или што и да е треба да се со мала буква зашто не се дел од името туку посебни именка... Или можеби повторно грешам? Поздрав --[[Корисник:Aleksandar SK|Aleksandar SK]] 02:43, 30 Март 2006 (UTC)
: Потполно си во право. Кога зборот „езеро“ не е дел од името, тогаш се пишува со мала почетна буква.
Во твоиве примери, како што ги наведуваш, „езеро„ и „река“ не се дел од името, туку појаснување дека станува збор за река (Вардар) и езеро (Треска).
Ако ги официјализираме, би можеле да бидат:
* Александар е директор на водното стопанство „Река Вардар“, или
* Александар е директор на спортскиот комплекс „Езеро Треска“
значи, зависи дали зборот е дел од името или само стои како појаснување.
Еве малку поинакви примери:
* Канада се наоѓа во '''Северна Америка'''. - „Северна“ мора да започнува со големо „С„ зашто е дел од (географското) име '''Северна Америка'''.
* Куманово е во северна Македонија. - „северна“ мора да започнува со мало „с„ зашто сега појаснува само дека станува збор за „северниот дел на Македонија“.
ИЛИ
* Александар живее во '''источно Скопје''' (т.е. во источниот дел на градот Скопје), но...
* Филип е началник на секторот '''Скопје - Исток''' (ако во рамките на градот или некоја градска организација има поделба по сектори) - сега зборот „Исток“ станал дел од името на институцијата „Скопје - Исток“.
[[Корисник:EvLa|EvLa]] 07:08, 30 Март 2006 (UTC)
|