Хонгконг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 34:
Хонгконг се наоѓа на источната страна на делтата на [[Бисерна Река|Бисерната Река]] на југоисточниот брег на Народна Република Кина, и излегува на [[Јужно Кинеско Море|Јужното Кинеско Море]], а се граничи со покраината [[Гуангдунг]] на север. Хонгконг е една од [[Либерална економија|најлибералните економии]] во светот, и е [[меѓународен финансии|финансиски]] и [[трговија|трговски]] центар. Хонгконг е најбогат регион на Кина - има најголем [[БДП по глава на жител]].
 
Се состои од [[Хонгконг (остров)|островот Хонгконг]] (уште познат како ''Сјанган''), [[полуостров]]от [[Коулун]] и [[Нови Територии|Новите Територии]]. Населението е околу 7 милиони жители, пришто најзастапена етничка група се [[Кинези]]те (96%). Паричната единица е [[хонгконгшки долар|хонгконшки долар]].
 
Хонгконг била [[Британска империја|британска колонија]] од [[1842]] г, сѐ додека суверенитетот не бил пренесен на НР Кина во [[1997]]. За време на [[Втора Светска војна|Втората светска војна]] од 1941 до 1945 бил под [[Јапонија|јапонска]] окупација, за повторно да го запоседнат Британците. Управуван е како [[специјален административен регион]] под Основниот закон за Хонгконг ([[англиски јазик|англиски]]: ''Basic Law of Hong Kong''). Под условите на кинеско-британската заедничка декларација, НР Кина ветува дека Хонгконг ќе има релативно голем степен на [[автономија]] сѐ до барем [[2047]], педесетина години од трансферот на суверенитетот. Според политиката „''[[една држава, два система]]''“, Хонгконг ќе го задржи својот [[правен систем]], [[валута]], [[Царина|царинска политика]], културно и трговско претставување, меѓународните спортски тимови и [[имиграција|имиграциските]] закони, со тоа што [[НР Кина]], односно централната влада во [[Пекинг]], ќе го претставува Хонгконг дипломатски и воено.