Тиквеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7:
== Географија и местоположба ==
 
Тиквешијата се наоѓа западно од реката [[Вардар]] (од нејзината десна страна) и ги опфаќа следниве релјефни целини: [[Тиквешка Котлина|Тиквешката Котлина]], северниот дел од висорамнината [[Витачево]] и долината на [[Раечка Река]]. На исток Тиквеш се граничи со [[Ниска Македонија (Повардарие)|Повардарието]], на југ со [[Мариово]] (Тиквешко Мариово), на запад со [[Пелагонија]], а на север преку врвот [[Ножот]] на планината [[Клепа]] е одделена од малата Изворска област и [[Област Азот (Велешко)|Азот]] односно поширокиот Велешки регион.
 
Во своите географски описи македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] ги наведува следните граници на Тиквешкото Поле: на запад тоа е заградено со голите огранки на Клепа, на југ со Дамјанската Планина, од исток со Пајак Планина, при што во неговиот северен крај протекува реката [[Вардар]], а по средината го пресекува [[Црна Река]] во своето долно течение<ref>Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.12</ref>. Според [[Ѓорче Петров]], релејфно-површински и орографски, Тиквеш претставува продолжение на [[Овче Поле]] преку [[Вардар]], бидејќи по видот, карактеристиките и изгледот многу наликува на него<ref>Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.12</ref>. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари [[1855]] година, македонскиот просветител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]] запишал дека Тиквеш кој го именува со името „Љубљани“ се наоѓа 8 часа на југ од [[Велес]] помеѓу 39° и 40° и е земја плодоносна од сешто<ref>Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. ''Избрани страници'' - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 год. стр.69</ref>. За негови граници определува дека од север го опкружува река [[Црна Река|Црна]] која е побујна од [[Вардар]], а од југ планините Клисура, Давидовска и Гродненска; од запад планините Моклишка и Азот; од исток [[Струмица]] и [[Дојран]]<ref>Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. ''Избрани страници'' - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 год. стр.69</ref>.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тиквеш