Африка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
rv
Ред 1:
{{внимание}}
[[Податотека:LocationAfrica.png|thumb|250px|Карта на светот што ја покажува локацијата на Африка]]
'''Африка''' е втор [[континент]] по големина во светот и по површина и по население, но и единствениот преку кој преминува екваторот и двата повратници. Африка завзема 20,3 % од вкупната површина на [[Земја]]та. Релјефот и вегетацијата на најтоплиот [[континент]] варираат од дождовни шуми и суви савани до врели [[пустини]].<ref name="Sayre">Sayre, April Pulley. (1999) ''Africa'', Twenty-First Century Books. ISBN 0-7613-1367-2.</ref>
Со 30,2 милиони {{км2}}, вклучувајќи и соседни острови, тој покрива 6% од целосната површина на Земјата и 20,4% од целосната копнена површина. Со билион луѓе распоредни во 61 држава, таа вбројува околу 14,72% од светското население.
Континентот е обиколен од [[Средоземно Море|Средоземното Море]] на север, [[Суецкиот Канал]] и [[Црвено море|Црвеното Море]] долж Синајскиот Полуостров на североисток, Индискиот Океан на југоисток и Атлантскиот Океан на запад. Континентот има 54 суверени држави, вклучувајќи ги Мадагаскар, неколку групи на острови и Шарави Арапска Демократска Република, земја-членка на Африканската Унија, чија државност ја оспорува Мароко.
Ред 126:
 
== Население ==
Африка е континент на кој живеат околу 9561.2 милионибилион жители. Сопред големината на територијата, релативно е ретко населена. Во пустините просечно живее по 1 ж/кm², во екваторските шуми по околу 5 ж/кm², а во саваните и во степите по околу 10 ж/кm². Најгусто населени се приморските предели, поточно државите околу Гвинејскиот Залив, долниот тек на реката Нил, Јужноафриканската Република, северозападните делови на планината Атлас и источните делови околу големите езера.
Природниот прираст на населението во Африка е релативно висок. Со подобрување на животните и здравствените услови во последните 2-3- години населението во Африка е во постојан порас. Повеќе од 95% од населението се Африканци, а околу 5% се од европско или азиско потекло.
Африканското население го сочинуваат неколку групи како што се: негроидната група — [[Пигмејци]], [[Бушмани]] и [[Хотентоти]] кои живеат во екваторските шуми и во јужна Африка; црнечката група, во која се вбројуваат црнците од Западна и од Централна Африка и Бантуцрнците, кои живеат во Централна и во Јужна Африка; групата Нилоти, кои живеат во горниот слив на реката Нил и групата Хамити, кои живеат во северниот дел на Африка, како што се Арапи, Туарези и Бедуини.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Африка