Струмичка група: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{ВМРО (Aвтономистичка)}}
{{Македонска револуционерна организација}}
'''Струмичка група''' ({{lang-bg|Струмишка група}}) претставувала фракција во [[Македоно-одринска револуционерна организација|МОРО]], [[Народна федеративна партија|НФП]] и [[ВМРО (Автономистичка)]] како и главна структура на [[Бугарска народна македонско-одринска револуционерна организација|БНМОРО]] која дејствувала во [[Струмица]] и [[Струмичко]] од [[1908]] до [[1912]]. Како нејзин лидер се посочува [[Христо Чернопеев]]. Првично идеологијата на групата била во партијата на [[Јане Сандански]], но истата се променува кога Чернопеев како вообичаено<ref>„Тоя безумен храбрец и неумолим, жесток и страшен терорист... Чернопеев, надарен със стоманени мишци и с всички революционни добротедели, притежаваше един обезличаващ недостатък - липсата на самостоятелност. Жертва на влияния, той бе започнал революционната си дейност като върховист; минавайки границата бе работил в услуга на вътрешните; по-късно бе спечелен от Влахова за федералистите, а хуриета го бе заварил в щаба на санданистите“ - М. Думбалаков за Чернопеев во својата книга „Презъ пламъцитѣ на живота и революцията“ (том II, страна 55).</ref> паѓа под влијание на [[Врховизам|врховистите]] и ја прима нивната идеологија.
'''Струмичката група''' била група во [[Умерено - конзервативна струја (МРО)|Умерено-конзервативната струја]]<ref>По судирите во Народната федеративна партија, Чернопеев заедно со својата Струмичка група ги застапува ставовите на десничарското крило во ВМРО.</ref> на [[Македонската револуционерна организација]]. Таа била групирана околу струмичкиот војвода [[Христо Чернопеев]]. Групата се појавила по [[Илинденското востание]] кога се поставило прашањето за идната дејност и посветеност на организацијата.
==Хронологија==
 
[[Податотека:Sitting Kostadin Samardzhiev, Hristo Chernopeev, Petar Kitanov, Standing Mirchi Ikonomov, Pando Popmanushev, Mihail Shkartov, Metodi Andreev.jpg|мини|лево|250п|Христо Чернопеев и дел од групата, 1908 г.]]
Во мај 1907 година се одржал конгрес на [[Серски револуционерен округ|серскиот]] и [[V востанички округ - Струмичко - Малешевски|огражденскиот револуционерен округ]] во [[Банско (град)|Банско]] на кој биле потврдени веќе постојните начела и принципи на реформистите.
===Почетоци и дел од МОРО===
[[File:Chernopeev.jpg|thumb|left|250px|Христо Чернопеев]]
Оваа група се формира кога се создаваат и другите две групи во [[Македоно-одринска револуционерна организација|Македоно-одринската револуционерна организација]] - [[Серска група|Серската]] и [[Солунска група|Солунската група]]. Иако членовите на организацијата требале да бидат обединети, во тоа време тоа не се случувало токму поради постоењето на овие три групи. На [[27 септември]] [[1908]] г. оваа група започнува со издавање на весникот „[[Единство (солунски весник)|Единство]]“, одделен од „[[Конституциона зора]]“, органот на организацијата. Единството во организацијата сепак се постигнува на одреден период кога, на [[15 јануари]] [[1909]] година се постигнува протокол за обединување на сите три политички групи, при што за Струмичката група потпишале [[Чудомир Кантарџиев]] и Чернопеев. Според истиот протокол, работата на весникот на Струмичката група прекинува, и со работа започнува весникот „Народна волја“, нов орган на МОРО.
Реформските дејци, првенствено оние околу [[Јане Сандански]], решиле да станат легални и да формираат политичка партија. По консултација со [[Младотурска револуција|Младотурскиот комитет]] била создадена [[Народната федеративна партија]].
===Во НФП и нејзино напуштање===
 
[[Податотека:Delegates of the First Congress of the People's Federative Party (Bulgarian Section).jpg|мини|лево|250п|Прв конгрес на НФП, Чернопеев (седнат, втор од десно) и Самарџиев (седнат, втор од лево).]]
По распадот на партијата во 1910 година, струмичката група на чело со [[Христо Чернопеев]] и со поткрепа на други дејци од [[Солунски револуционерен округ|солунскиот]] и [[V востанички округ - Струмичко - Малешевски|серскиот округ]] меѓу кои [[Апостол Петков]] и [[Тане Николов]] дошле до судир со [[Серска група|серската група]] на чело со [[Јане Сандански]].
Од 3 до 10 август 1909 г. во Солун се одржувал Првиот конгрес на [[Народна федеративна партија|Народната федеративна партија]], на кој делегати од [[Струмица]] биле [[Христо Чернопеев]] и [[Костадин Самарџиев]]. На конгресот било одлучено Чернопеев да влезе во Советот на партијата како делегат од [[Струмичко]]. Поделбата во партијата се покажува на Вториот конгрес на НФП кога истата повторно се разделува на три групи. Струмичката група се оддалечува од [[Османизам|османистичките]] позиции на Сандански и левичарските идеи на Влахов. Во јануари 1910 г. оваа група конечно се одделува од НФП и ја формира [[Бугарска народна македонско-одринска револуционерна организација|Бугарската народна македонско-одринска револуционерна организација]].
 
===Обид за возобновување на ВМРО===
Одкако струмичката група се распаднала, нејзините членови ја создале [[Бугарската народна македонско-одринска партија]] која подоцна се приклонила кон [[Умерено - конзервативна струја (МРО)|конзервативното крило]].
[[Податотека:Chetnici s Georgi Zankov.JPG|мини|десно|250п|Чернопеев со членови на БНМОРО, 1910 година.]]
{{quote|''ВМРО беше измамена во своите надежи од Младотурците, сега ги обновува кадрите и почнува повторно со борбата против тиранијата. Сите борци се на своето место. Секое двоумење и неверство ќе се казнува со смрт. Зад нас стои Бугарија со нејзината моќна армија.''|'''Михаил Думбалаков'''|'''Преку пламенот на животот и револуцијата'''<ref>Думбалаковъ, Михаилъ. Преку пламъцитѣ на живота и революцията, том II, Софија, 1937, стр 66.</ref>}}
[[Бугарска народна македонско-одринска револуционерна организација|БНМОРО]] практично претставувала пред-организација на [[ВМРО (Автономистичка)]]. Обидот за возобновување на старата ВМРО најголемо дејствие имало во [[Струмичко]]. Уште додека бил дел од НФП, при крајот на 1909 година, Чернопеев заедно со поранешни дејци на [[ВМОК]] ја обиколува струмичката околија со цел повторно да формира комитет овде. На 4 мај 1910 година во [[Софија]] било свикано основачкото собрание на БНМОРО, на кој на чело на Главниот комитет бил избран струмичанецот Чернопеев. По разговорите во Софија на почетокот на 1911 година доаѓа до обединување на [[Умерено - конзервативна струја (МРО)|Конзервативната струја]] со БНМОРК и со дел од пораншниот [[ВМОК]]. Така во почетокот на 1911 година е избран нов ЦК во кој влегле: [[Тодор Александров]], Христо Чернопеев и [[Петар Чаулев]], а за резервен член бил избран врховистот [[Александар Протогеров]], меѓутоа целосно возобновување на [[МРО|ВМРО]] не било постигнато. Идејата дополнително била напуштена со избувнувањето на [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]], кога практично запоставува работата на Струмичката група, дел од нив погинуваат а дел ги прекинуваат контактите помеѓу нив.
==Наводи==
{{наводи}}
==Видете исто така==
{{Македонија-ист-никулец}}
* [[Серска група]]
[[Категорија:Фракции на Македонската револуционерна организација]]
[[Категорија:ВМРО (Автономистичка)]]
[[Категорија:Историја на Струмица]]