Јужноафриканска Република: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 217:
Најпопуларни спортови во Јужна Африка се фудбал, рагби и крикет. Преостанати спортови кои се поддржуваат се пливање, атлетика, голф, бокс, тенис и нетбол. Иако младите најмногу играат фудбал, интересот за кошарка, сурфање и скејбординг станува се поголем.
 
Меѓу познатите боксери спаѓаат Џејкоб Матлата, Вујани Бунгу, Велком Нцита, Динган Тобела, Гери Кеце и Брајан Мичел. Во големите светски фудбалски клубови играле [[Лукас Радебе]] и [[Филемон Масинга]] (во ФК Лидс Јунајтед ), [[Кинтон Форчун]] (Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед ), [[Бени Мекарти]] (Ајакс Амстердам, ФК Порто, Блекбурн Роверс и Вест Хем Јунајтед ), [[Арон Мокена]] (Ајакс Амстердам, Блекбурн Роверс и Портсмут), [[Делрон Бакли]] (Борусија Дортмунд) и [[СтивСтивен Пиенар]] (Ајакс Амстердам и Евертон). Џорди Смит со победата во 2010 година стана сурфер број 1 во светот. Светскиот шампион во формула еден од 1979 година е Џоди Шектер. Познати крикет играчи се: Хершел Гибс, Греме Смит, Џек Калис ЈП Думини и други. Повеќето од нив учестуваат во Индијанската премиер лига.
 
Светски познати рагби играчи од Јужна Африка се Франсоа Пинар, Џуст ван дер Вестујзен, Дани Кравен, Фрик ду През, Нас Бота и Брајан Хабана. Во 1995 година , Јужна Африка беше домаќин и го освои светското рагби првенство, а во 2007 година го освои првенствоот во Франција. Во 1996 година, Јужна Африка беше домаќин на Африканското првенство на нации, каде националниот тим го освои турнирот. Во 2003 година, Јужна Африка беше домаќин на Светското првенство во крикет, потоа во 2007 година за Светскиот шампионат Twenty20, а во 2010 година за прв пат во Јужна Африка се одржа ФИФА Светското првенство . Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер бил презадоволен од гостопримството на Јужна Африка за кое доби големи пофалби.