Исихазам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
с сменето име, додаени линкови, поправени грешки
Ред 3:
== Терминот исихазам, исихија ==
 
Зборот „исихија“ буквално значи „мир”, „мирување”, „тишина”. Меѓутоа, кај православните подвижници означувало нешто многу повеќе и имало подлабока смисла. Она што го карактеризира човекот и светот во кој живее е постојаниот немир и променливост. Оттаму човекот постојано чезнее за спокојство. И како што сведочи искуството дека “мирно море” не се наоѓа на површината на морето, туку во неговите длабочини, така внатрешниот мир треба да се бара во ''длабочините на човекот''. Исихиата е токму тоа: барање на таков внатрешен мир, кој го ''надминува секој ум''. Тоа не е просто спокојство, наоѓање на мирно место за живеење и пребивање, туку битијно собирање на човечкото битие во својот центар; а преку него собирање во Бога и Бога, како единствен извор на вистинскиот мир. Оттаму, најдобар превод на зборот “исихија” е оној на о. Јустин Поповиќ: “Moлитвено Тихивање”. Бидејки тоа собирање може да се достигне само преку [[Вера|верата]], [[Покајание|покајанието]], [[Пост|постот]] и [[Молитва|молитвата]]. Тихување не значи пасивност. Тоа бара огромен духовен напор и борба против страстите кои се праизвор на целокупната човекова расеаност и растуреност. Објаснувајќи го овиј мир, св. ГригориеГригориj Палама вели, додека [[пророк Мојсеј|пророкот Мојсеј]] молчел, се слушал слушнал гласот Божји: “''зошто викаш кон Мене''”( 2 Мој. 14гл. 15ст.). Тоа молчење е погласно од говорот, тишина која расте во длабочинскиот повик на битието. Кој се здобие со такво молитвено тихување, вели [[св. Јован Лествичник]], ја познал длабочината на тајната.
 
== Исихазмот во минатото ==
Ред 15:
== Учења и карактеристики ==
 
Законот на животот според [[Свети Григориј Богослов|св. ГригориеГригориј Богослов]] се состои во ова: “Бога треба повеќе да го споменуваме од дишењето”. Само така може да се исполни целта на христијанскиот живот: постигнување заедница со Бога, причестување и гледање на Бога. Тоа е основната идеа на исихастите низ сите времиња, богословски потврдена и озаконета во Црквата, прво низ Ареопагитските списи, а потоа и во делата на преподобен на [[преподобен Максим Исповедник]]. Тоа се, заедно со Евагрие, св.Исак Сирин, а особено [[преподобен Симеон Нов Богослов]], духовните родоначалници на светогорските исихасти.
 
Според нивното учење, Бог е светлина и претстојува ( почива ) во неискажлива светлина. Затоа оној кој постигнува заедница со Бога ,-се причестува со Неговата вечна светлина, притоа постанувајки и сам светлина. Тоа се постигнува со вера и добродетели, oд кои “Исихиата” е најсовршена; останатите добродетели се пат кој кон неа водат.
Ред 23:
Незаситената жед и глад за Бога и Неговата вечна светлина е основна движечка сила за радикално откажување од светот кое го бара преподобен Симеон Н. Богослов. Тука не се работи за некаква апстрактна филозофија или религиозен мистицизам, туку за пробен ( опитен ) светотаински и светодобродетелски реализам. Тоа е жед на крстените и насочени души во светлоста на Трисончевото Божество, за општење со Христа Бога, во црквата на живиот Бог, со силата на Светиот Дух, преку очистување и духовна борба. Дека таа жед не е само својство на монасите или пустиниците, туку е во природата на сите христијани, сведочи [[преподобен Петар Дамаскин]] на околу 200 години пред св. Симеон Н. Богослов. “ Тоа е подвиг, вели тој, кој е потребен на сите луѓе, било поединечно, било целосно. Без него е невозможно да се здобие со духовно знаење и смиреноумие; оној кој го сака, преку него му стануваат јасни Божјите Писма и сите скриени тајни”.
 
== Исихазмот на Света Гора Антоска ==
 
Токму оваа жед и подвиг е создадена, растела, живеела и живее на [[Света Гора|Св. Гора Атонска]]. Од самиот почеток светогорските подвижници го зграбиле исихазмот. Св. Гора, по својата природа е место за “ исихија ”, а истовремено и “ огниште на добредетелите ”. Она што пишува за првиот светогорски пустиник, [[преподобен Петар Атонски]], дека:'' ”своите очи, душа, и ум, ги утврдил на небото, се откажал од дома, од татковината, од родителите, пријателите и кажувајки им на сите збогум, својот живот го посветил на Бога...”'', тоа било и останало евангелско правило на сите негови духовни следбеници. За него св. Григорие Палама ( еден од тие следбеници ), вели дека со своето умерено и полно ( вистинско ) воздржување во животот “''здобил силна умствена сила''”.
 
Преку тоа собирање на сите душевни и духовни сили, човекот се ослободува од својот страствен однос спрема себе и светот, ја симнува од себе “лошата маска”. Тоа е патот на собирање по созданијата и надвор себе на рассеаното човечко битие, патот на здобивање на вистински мир, богосознание, обожување преку причестување со Божјата благодат, и патот кон вечно усовршување и кон подобро напредување. Исихастот од таков вид, откажувајќи се од се богољубиво и богољубно, стои пред Бога “глув и нем” победувајќи го законот на материјата, а душата му се преобразува со Божја благодат, предавајќи му и на телото “знаци” на Божјата убавина.