Разлика помеѓу преработките на „Имхотеп“

Додадени 4 бајти ,  пред 13 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
Местоположбата на Имхотеповата гробница се заборавила уште во антиката <ref>[http://www.reshafim.org.il/ad/egypt/texts/harpers_lay.htm The Harper's Lay, ca 2000 BCE]</ref> и ден денес не се знае, и покрај сите напори за нејзино наоѓање. По општа согласност се семета дека е некаде во [[Сахара]].
 
За него знаеме највеќе од преданија и претпоставки. Египјаните му припишувале многу изуми. Како [[државник]] на [[фараон]]от [[Џосер]] тој веројатно ја конструирал [[Џосерова пирамида|Џосеровата пирамида]] ([[Скалеста пирамида|Скалестата пирамида]]) во [[Сахара]] околу [[27 век п.н.е.|2630]]-[[27 век п.н.е.|2611 п.н.е.]] <ref>''Ancient Egypt'' од Barry J. Kemp, Routledge 2005, стр. 159</ref>Се мисли дека е првиот кој употребил [[столб]]ови во [[архитектура]]та. Се смета и за изумител на [[папирус]]ната ролна.
 
Имхотеп е основачот на [[Староегипетска медицина|египетската медицина]] и автор на медицински трактат кој е значаен по тоа што во себе не содржи никакви магии. Ова дело се нарекува [[Едвин Смитов папирус]] и во него подробно се зборува за [[анатомија|анатомски]] набљудувања, заболувања и лекови. Денес зачуваниот папирус е напишан некаде околу [[1700 п.н.е.]], но може да е препишан примерок од 1000 години постаро дело. Меѓутоа и прокрај ова авторството на делото е предмет на спорови.<ref>''Fractures: A History and Iconography of Their Treatment'' од Leonard Francis Peltier, Norman Publishing 1990, стр. 16</ref>.