Разлика помеѓу преработките на „Обединување на Германија“

с
нема опис на уредувањето
с
с
И по револуцијата од [[1848]] г. [[Германија]] останала необединета. Постоеле околу 38 државички, а најголеми биле [[Австрија]] и [[Прусија]], меѓу кои се водела борба за превласт над германските држави. Најистакнат борец за обединување на Германија бил прускиот канцелар [[Ото фон Бизмарк]], претседател на владата на прускиот крал [[Вилхелм I]]. Тој сметал дека обединувањето не може да се постигне со зборови, туку со оружје и крв, односно по пат на војна против сите непријатели на обединувањето. Во [[1864]] г. Прусија и Австрија ја нападнале [[Данска]] и и ги одзеле северно-германските области. Но заради поделба на освоените области настанала караница меѓу Прусија и Австрија. Војнички посилната Прусија го искористила овој момент и во јуни [[1866]] г. ја нападнала Австрија. Тоа го искористила и [[Италија]] и ја нападнала Австрија за да и ја одземе [[Венеција|Венециската област]]. Австрија била поразена кај [[Садова]] во [[Чешка]] и била принудена да се откаже од стремежот за хегемонија над Германија, а на Италија и ја отстапила Венециската област.
 
Во 1866 г. Бизмарк го создал Северно-германскиот сојуз како сојузна држава во која раководна улога имала Прусија. Надвор од сојузот останале само неколку јужно-гемански државички. На нивното обединување се спротивставила [[Франција]], бидејќи не сакала да има за сосед силна Германија, а и се стремела кон освојување на овие територии. Бизмарк испратил телеграма до [[Наполеон III]] со навредлива содржина, со која предизвикал војна. Војната започнала во јули [[1870]] г. Франција била изненадена од силата на пруската војска која брзо напредувала кон [[Париз]]. Француската војска капитулирала, а Наполеон III бил заробен. Мирот меѓу Франција и Прусија бил потпишан во [[Виена]] во мај [[1871]] г. под многу тешки услови за Франција. [[Алзас]] и [[ЛорењЛорена]] иѝ биле дадени на Германија, а Франција морала да плати воена оштета од пет милијарди златни франци. На 18 јануари 1871 г. во [[Версај|Версајскиот дворец]] било прогласено обединувањето на Германија на чело со прускиот крал Вилхем I со што бил создадено [[Германско Царство|Германското Царство]]. Обединувањето на Германија овозможило брз развој на капиталистичкото стопанство, со што Германија за две децении станала најсилна држава во [[Европа]] и започнала да им конкурира на старите капиталистички држави Франција и [[Велика Британија]].
 
==== Користена литература ====