Разлика помеѓу преработките на „Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА“

с
нема опис на уредувањето
с
 
==Историја==
Со формирањето на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, бил создаден еден мост помеѓу европските искуства од аудиовизуелните области со традицијата и искуствата во Македонија. Особено важно е да се напомене воведувањето на неколку катедри од аудиовизуелните области за кои што досега во Македонија воопшто не постоела можност за високообразовна, академска едукација. Универзитетот формира и црпи искуства од примерот на [[ЕСРА Франција]] (École Supérieure de Réalisation Audiovisuelle – Висока школа за аудиовизуелна реализација), која постои од [[1972]] година и со која што има склучено договор кој се однесува на соработка при реализирањето на студиите, заедничките студентски проекти, како и размена на искуства за оние струки за кои во овој регион не постои едукациско искуство. Овој факт за студентите претставува можноста третата, завршна година да ја посетуваат во [[Париз]], [[Ница]], [[Динан]] или [[Рен (град)|Рен]], а специјалистичките студии да ги завршат во [[Њујорк]]. Универзитетот на студентите им нуди на располагање најсовремена техника со што тие ги имаат сите потребни услови за валитетно следење на наставата и совладување на наставните програми. Универзитетот ја доделува наградата за високи достигнувања во областа на аудиовизуелните уметности [[Златен Дедал]].<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208181241&s=16100914291&ID=2561093724&utm_source=daily.mk&rated=true|title=ЕСРА ќе ги додели наградите „Златен Дедал“|publisher=Журнал|language=македонски|accessdate=2013-02-04}}</ref>
 
==Факултети==