Мице Козароски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Со окупацијата на Македонија во [[1941]] година започнува раздвижување на масите под закрила на [[КПМ]]. Мице Козар зема активно учество, станува борец на [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“]] и е дел од 16-те партизани кои на [[11 октомври]] го започнуваат [[Ден на востанието на Македонија|востанието на македонскиот народ]]. Учествува во групата која го напаѓа затворот во Прилеп. По инструкции на Партијата, Мице ги напушта Прилеп и фамилијата, преминува во илегала и делува во околината на Велес, во пределот [[Азот]]. По распуштањето на одредот, Козар преминува во илегала во Велес, каде останува до [[18 јануари]] [[1942]] година. Следува период на бурна политичка активност и регрутирање на нови борци во новоформираниот [[Велешки партизански одред „Димитар Влахов“|одред „Димитар Влахов“]] каде што Мице е командир на третата чета. Извршени се многубројни напади на непријателски сили и инфраструктура, а фронт претставуваат селата под [[Солунска Глава]], долж пругата [[Велес]]-[[Битола]]: [[Богомила]], [[Нежилово]], [[Ораов Дол]], [[Теово]] итн.
 
За одмазда, бугарските окупатори стегаат обрач наоколу, го тероризираат населението и концентрираат голем број војници и контрачетници. Зимата [[1942]] година донесува огорчени борби и многу жртви. Во декември третата чета од одредот „Димитар Влахов“ е разбиена од надмоќниот непријател. Повеќето борци се ранети и заробени, а помеѓу загинатите е и [[Невена Георгиева - Дуња]]. Еден од загинатите е и Мице Козар. Негово вечно почивалиште се карпите под Солунска Глава, каде што загинал на [[6 декември]] истата година. Неговото тело не било пронајдено до пролетта [[1945]] кога двајца ловџии од [[Горно Јаболчиште]] на надморска височина од 2.500 метри го пронашле делумно зачуваното тело на Мице Козар. Телото било препознаено по облеката, цокулите, часовникот, русата коса и мустаќи.<ref>[http://www.oldprilep.com/prilepcani/mice-lozanov-kozaroski.html oldprilep]</ref>
 
Неговото тело не било пронајдено до пролетта [[1945]] кога двајца ловџии од [[Горно Јаболчиште]] на надморска височина од 2.500 метри го пронашле делумно зачуваното тело на Мице Козар. Телото било препознаено по облеката, цокулите, часовникот, русата коса и мустаќи.<ref>[http://www.oldprilep.com/prilepcani/mice-lozanov-kozaroski.html oldprilep]</ref> Во [[2000]] година на локацијата каде што било пронајдено телото на Козар, во месноста Долна бабина дупка, била поставена спомен-плоча, која била обновена во [[2017]] година.<ref>[http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%9F%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B5-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD--%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%87%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82--%D0%9C%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE-%D0%9A%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%94%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0--%D0%91%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%B0--%D0%A0%D1%83%D0%BF%D0%B0-(%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE) „Поставена е нова спомен плоча за партизанот Мицко Козар на Долна Бабина Рупа“], „Ти реков, ми рече“, 12 октомври 2017.</ref>
 
== Наводи ==
Ред 33 ⟶ 35:
== Надворешни врски ==
* [http://www.marxists.org/makedonski/istorija/makedonija/prvomajsko-iznenaduvanje.htm Љубен Георгиевски - Љупта „Првомајско изненадување“]
* [http://www.telegrafzenitprilep.com.mk/aktuelnoarhiva/makedonija/ns-newsarticle-posle-minati-decenii-kaj-semejstvoto-pistolot-so9566-kojpishtolot-micena-kozar-govo-pocnahramot-narodnotona-vostanie-vleze-vo-muzej-fotoslobodata.nspxhtml „Пиштолот со кој Мицена Козар гово почнахрамот Народнотона востание влезе во музеј“слободата“], „Телеграф“„Зенит“, 10.4.12 март 2016.
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Козароски, Мице}}