Разлика помеѓу преработките на „Стреличарство“

нема опис на уредувањето
(Дополнување)
==Историја==
 
Лакот и стрелата највереојатно се измислени во периодот меѓу доцниот паленоит или раниот месолит. Најстарите откритија за употребата во Европа доаѓаат од Стелмур во долината Ахренсбург, северно од [[Хамбург]] во Германија, и датираат од доцниот палеолитски период, односно околу 10000 до 9000 години пред наша ера. Стрелите биле направени од борово дрво со кременов врв. Нема никавки докази за употреба на лак и стрела порано, односно има порани стапови со кременови врвови но посигурно е дека биле фрлани како копја наместо како стрели. Најстарите лакови се пронајдени во [[Данска]]. Лакот и стрелата го замениле фрлачот на копје, на секој континент освен [[Австралазија]], но фрлачите на копје опстојувале во делови на Америките, посебно во Мексико и меѓу [[Инуити]]те. Лакот и стрелата постоеле во Египетска култура од пред династичкиот период.
 
Класични цивилизации, главно Асирците, Грците, Армените, Персиците, Партите, Индијците, Корејците, Кинезите и Јапонците имале голем број стрелци во нивните армии. Египјаните употребувале композитни лакови за војна дури од 16ти век пред нашата ера. Велшкиот лак ја покажал својата вредност за прв пат во континенталната војна во битката на Креси. Во Америка стреличарство станало распространето поради контктот со Европа.
 
== Референци ==