Разлика помеѓу преработките на „Уметност“

Додаден 3.211 бајт ,  пред 2 години
Зборувајќи за потеклото и значењето на уметноста, полскиот писател и филозоф [[Бруно Шулц]] вели дека уште во детството човекот доаѓа до одредени слики кои понатаму имаат судбоносно влијание, бидејќи во него создаваат содржини кои се предодредени и ја претставуваат програмата на духот. Овие рани слики на уметниците им ги одредуваат границите на нивното творештво, коешто претставува само [[дедукција]] од готови претпоставки. Подоцна, уметниците не откриваат ништо ново, туку само постојано го коментираат тој почетен [[стих]] што им е зададен. На тој начин, уметноста не ја открива тајната до крај. Оттука, рационализацијата на уметничкото дело е крај на забавата, осиромашување на проблематиката на делото, зашто уметноста не е крстозборка со скриен клуч кој би можела да го разреши филозофијата. Во уметничкото дело не е пресечена врската на човекот со целоста на неговата проблематика. Притоа, уметноста оперира во пред[[морал]]ната длабочина, во точката каде што вредноста е допрва во состојба на зародиш. Уметноста како спонтан исказ на животот и поставува задачи на [[етика]]та – а не обратно. Целта на уметноста не е само да го потврди она што донекаде веќе е воспоставено, зашто тогаш таа би била непотребна. Нејзината улога е да биде сонда спуштена во ненареченото, а уметникот е апарат кој ги регистрира процесите во длабочината, каде што се создава вредноста.<ref>„Писмо до Стањислав Игнаци Виткјевич“, во: Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 118-125.</ref>
 
Во својот есеј „Желба“ од септември 1944 година, италијанскиот писател [[Еуџенио Монтале]] вели дека уметноста треба да им служи на оние [[морал]]ни и материјални, економски и [[Етика|етички]] сили кои на крајот од [[Европа]] ќе создадат федерална заедница на слободни [[Држава|држави]]. Притоа, тој нагласува дека под „служи“ не мисли на потчинување, туку дека уметноста треба да стане корисна, зашто уметноста и науката, иако на прв поглед различни, на крајот се разрешуваат во едне заеднички формален, ритмички и стилистички принцип, иако е тешко теориски да се каже како се остварува тој принцип. Според него, постои уметност што се раѓа со топлината и непосредноста на документите, а дури подоцна, потомците успеваат да ја рафинираат и да го фатат нејзиниот ''стил''. Но, постои и уметност што се раѓа запечатена, балсамирана и совршена, во која дури по многу години можеме да го познаеме човечкиот лик. Уметноста вреди онолку колку што во неа и низ неа се изразува онаа сила во нас што е поголема од нас самите.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 81.</ref> Во есејот „Отворени дела“ од 1962 година, Монтале вели дека во основата на уметничкото дело се наоѓа интенцијата на уметникот, кој секогаш нешто наметнува, иако намерата не му е секогаш јасна ниту нему.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 123.</ref>
 
Во својот [[роман]] „[[Портрет на уметникот во младоста]]“, ирскиот писател [[Џејмс Џојс]] ја дефинира уметноста како обид да се разбере природата на нештата и, разбирајќи ја, обид за полека, скромно и постојано изразување на сликата на убавината што сме успеале да ја разбереме. Според него, уметноста ја претставува човековата моќ да ги вообличи [[материја]]та и [[дух]]от за една естетска цел.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 215-216.</ref> Понатаму, тој ја дели уметноста на три облици што произлегуваат еден од друг: [[Лирика|лирски]] облик во кој уметникот ја дава својата слика во непосреден однос кон себеси; [[Епика|епски]] облик во кој ја дава својата слика во посреден однос кон себеси и кон другите; и [[Драмска уметност|драмски]] облик во кој ја дава својата слика во непосреден однос кон другите. Притоа, лирскиот облик е наједноставен вербален израз на еден момент на емоцијата при што во тој момент уметникот е посвесен за емоцијата отколку за себе. Од лирскиот овлик произлегува епскиот облик на тој начин што уметникот размислува за себе како за центарот на еден епски настан и овој облик се развива додека центарот на емоционалната тежа не биде на еднаква оддалеченост од самиот уметник и од другите. Драмскиот облик се достигнува кога животната сила ја исполнува личноста толку многу што таа поприма посебен и недофатлив естетски живот. Тогаш, личноста на уметникот престанува да постои и станува безлична. Естестката претстава во драмскиот облик е животот пречистен во човечката фантазија повторно проектиран од неа. Тогаш, уметникот, како [[Бог]]а, останува во своето дело или покрај или зад или над него, невидлив и облагороден толку многу што повеќе не постои.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 223-224.</ref>
Во книгата „Естетичка скепса“, италијанскиот философ [[Џузепе Ренси]] тврди дека естетичкиот суд секогаш е субјективен и дека не може да тежнее кон апсолутното. Тоа произлегува оттаму што никако не може да се оспори некој кој претпочита еден автор од друг, еден [[композитор]] од друг. Според него, во уметноста не постојат вистина и заблуда, туку само вкусот на поединецот. Според философот [[Етјен Жилсон]], човечкиот [[разум]] не може ниту да го допре процесот на уметничкото создавање, туку тој го оценува уметничкото дело отпосле, дури кога тоа е создадено, но не може да го оценува во текот на создавањето. Поради тоа, во уметноста нема никаква вредност принципот на противречноста. Наспроти науката, која се развива и во која докажаната теза ја побива спротивната, во уметноста една теза не ја укинува спротивната.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 116-117.</ref> Слично на него, историчарот на уметноста Серџо Бетини, во современата уметност само нишка ги дели ремек-делото од грдотијата, така што за современата уметност не може корисно да се разговара.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 118-119.</ref> Според Ален, уметничкото дело се разликува од занаетчиското дело по тоа што занаетчијата копира некој модел, знае што треба да направи и ги познава средствата што му се потребни за тоа. И уметникот поседува ''определена идеја'', но таа е многу темна и неодредена. Кај него, појдовната точка е поттикот, а не програмата. Патем, таа идеја се преобразува и на крајот не може да се препознае. На тој начин, уметникот се познава себеси дури откако ќе го заврши уметничкото дело, наспроти занаетчијата кој може точно да ја дозира техниката и да ги предвиди крајните ефекти.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 108-109.</ref>
 
Во есејот „Уметноста на претставата“ од 1957 година, Монтале тврди дека не постојат уметности, туку Уметност чиј апсолутен параметар му бега на нашето знаење, а само историски Уметноста се изразува низ уметностите.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 100.</ref> Во есејот „Уметност за сите“ од 1957 година, тој вели дека прогресот не се одвива паралелно во сите уметнички подрачја, туку одделните уметности може да напредуваат по различни патишта, без никаква синхронизација. Со други зборови, тие може да се одвиваат во идеални времиња кои секогаш не одговараат на историското време.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 129.</ref>
 
Во есејот „Бегство од времето“ од 1958 година, Еуџенио Монтале зборува за иднината на уметноста во индустриското општество. Според него, штом пронајдоците на новата уметност ќе постанат декоративни мотиви, ќе биде тешко да се распознае што е уметничко дело, а што предмет за секојдневна употреба. Поради тоа, според него, современата уметност е бегство од времето, трка кон анонимноста, а уметноста се сведува на стил со потполна рамнодушност кон содржината. Оттука, во иднината, уметноста ќе биде само сетилна, акустична, визуелна уметност, предодредена за забава, а не за размислување и дека единствената нејзина публика ќе бидат нејзините творци, уметниците.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 113-114.</ref> Слични погледи изнесува и во есејот „Уметност за сите“ од 1957 година, во кој прогнозира дека во иднината бескрајно ќе се зголеми бројот на уметниците, зашто уметничката професија ќе биде привлечна, угледна и профитабилна. Затоа, „производството“ на уметници ќе биде сè поголемо, условено од потребата за продажба на „произведената“ стока.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 123.</ref>
 
== Убави уметности ==