Режисер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
дополнување
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Поимот '''режисер''' е многу широк и може да се однесува на голем број на професии:
 
Ред 9 ⟶ 8:
* [[Режисер на филм]]
* [[Телевизиски режисер]]
 
 
==Теорија на режијата==
Во есејот „Машина на славата“ од 1951 година, италијанскиот писател [[Еуџенио Монтале]] вели дека режијата триумфира, а таа е уметност да се извлече максимален ефект од текстот што е потенцијално подобен за интеграција.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 107.</ref>
 
Според Карло Рагијанти, кога од [[книга]]та се преминува на сцената се јавува нов уметнички род - претставата чиј автор е новиот ликовен уметник - режисерот, додека остатокот, независно дали се работи за „[[Хамлет]]“ е само техничко средство, претекст. Во таквите случаи не треба да го бараме авторот на пишаниот збор или тој треба да се бара во [[Библиотека|библиотеките]], зашто во театарот нема да го најдеме. Според него, постои една група [[режисер]]и, до [[Станиславски]] до Копо, која го почитува текстот и ги истакнува неговите поетски квалитети. Но, постои и друга група режисери ([[Гордон Крејг]], Тајров, Меерхолд и Пискатор) за која претставата е сè а текстот е ништо. Според Рагијанти, овие режисери се вистински уметници на претставата. Ваквата поделба имплицитно претпоставува дека постојат два вида театри: театар кој им припаѓа на авторите и театар во кој вистинскиот автор е прикажувачот на делото, кој ги развива и ги степенува визуелните аспекти на театарот.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 97-98.</ref>
 
На ваквото сфаќање се спротивставува италијанскиот писател [[Еуџенио Монтале]], кој во есејот „Уметноста на претставата“ од 1957 година вели дека пред поставувањето на тесктот на сцената, т.е. при самото читање на текстот, работата на режисерот не е присутна. Со други зборови, режисерот на едно прочитано дело е самиот читател кој читајќи го текстот, истовремено него го визуализира, го претвора во претстава. Според тоа, дури и работата на читателот е слична на работата на режисерот, но со тоа читателот не станува автор на текстот. Оттука, во светот секој ден постојат илјадници несвесни, непознати режисери, а меѓу нив визуелните режисери кои ги славиме и богато ги плаќаме сигурно не се најдобрите.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 98-99.</ref>
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Режисер