Музика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 44:
Музиката доживува револуција во [[20 век]]. Со пронаоѓањето на [[радио]]то, таа добива на широка популарност, а се развиле нови [[Технологија|технологии]] за снимање и репродукција. Во 20 век, таа се карактеризира со нова слобода, широко експериментирање и нови музички стилови и правци. По [[Втората светска војна]], напрвин дошло до подем и воопштување на додекафонската техника, а потоа се појавиле [[Електронска музика|електронската музика]] и [[Алеаторична музика|алеаторичната музика]] која се темели на импровизациата, т.е. на самиот изведувач на музичкото дело му се препушта да го избере редоследот на исполнување на деловите од музичкото дело. На тој начин, настанале музички дела составени од меѓусебно заменливи делови, кои дури може и да се елиминираат, според желбата на изведувачот на делото кој така станал коавтор на делото. На пример, композиторот Кагел создал дела во кои на изведувачот му дозволуваат пауза во траење од две минути во кои тој може да свири нешто што нему му се допаѓа или воопшто да не свири. Слично на тоа, за време на една изведба на „независните музички движења“ на Штокхаузен, изведувањето на делото вклучувало фрлање зеленчук во публиката и капење на пијанистот во поцинкувана када. Како чекор понатаму, во чинот на композицијата Кагел ја вклучил и мимиката. Имено, тој создал дело во кое од изведувачите барал да не ги допираат инструментите и да не произведуваат никаков звук, туку само да прават гестови како навистина да свират.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 144-145.</ref>
 
Големата новина што ја донесла електронската музика се состола во тоа што потполно била исклучена личноста на изведувачот на музиката, зашто на музичката лента засекогаш бил фиксиран оригиналот на музичкото дело. Исто така, електронската музика предизвикала големи промени и во однос на создавањето на музиката, бидејќи овозможила да компонираат и лица кои никогаш немале формално музичко [[образование]].<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 115 и 142-143.</ref> Понатаму, во музиката за мали состави биле воведени механички извори на [[звук]] (шишиња, удирање по предмети, крикови снимени на лента, итн.), а претходник на таа постапка бил американскиот композитор [[Џон Кејџ]]. Паралелно со тоа настанале промени во музичката графија, зашто современите [[композитор]]и повеќе не морале да го користат класичниот нотен запис, туку партитурите станале пикрографски, т.е. составени со помош на [[симбол]]и, стрелки, цртички, [[криптограм]]и итн. Со тоа, читањето на музичките партитури станале невозможно без советот на самиот композитор.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 144-145.</ref>
 
==Елементи на музиката==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Музика