Разбој: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
== Конструкција на рачен разбој ==
[[File:Ткајачки разбој 1931.jpg|thumb|mini|left|Девојчиња од Македонија, ткаат на разбој (1931 г.)]]
Рачниот, за домашна употреба, разбој е дрвена конструкција во облик на паралелограм. На двата краја на овој костур се поставуваат два масивни цилиндри т.н. „[[кросно (разбој)|кросна]]“ или „вратила“ – едниот за намотаната основа и вториот за навивање на исткаениот материјал после процесот на ткаење. Бидејќи во процесот на ткаење нишките треба да бидат добро затегнати и двете кросна имаат можност да се вртат околу своите оски со што се постигнува добра затегнатост на нишките од основата. Секоја од намотаните нишки потоа минува низ т.н. „[[ништи]]“ или „ништелки“. Тие се најмалку две, но може да бидат и повеќе. „Ништите“ се поместуваат горе-долу преку „чкрипци“ со нагазување на „подношките“. Така два соседни конци во „ништите“ имаат различна положба, едниот е горе, а другиот долу. Непосредно до ништите во насока на ткајачката се наоѓаат т.н. „[[брдило (разбој)|брдила]]“ или „набрдилa“. Тоа претставува масивна дрвена рамка со вметнато „[[брдо (разбој)|брдо]]“ (решетка од цврсто поставени тенки стапчиња од трска). Нишките од основата се поставуваат во отворите на брдото. Со „[[сновалкасовалка]]та“ се вметнува преѓа меѓу нишките од основата, потоа се менува положбата на ништите (тие што биле долу одат горе, и обратно) и со брдилото се натиснува ткаеното. На крајот исткаеното се навива на второто кросно.
 
<gallery>
Податотека:Ништи 2.JPG|Ништи
Податотека:Чкрипци 2.JPG|Чкрипци
Податотека:Солки 2.JPG|СновалкиСовалки
Податотека:Брда.JPG|Брда со разни димензии
</gallery>
Ред 16:
== Ткаење со рачен разбој ==
 
Пред да почне процесот на ткаење потребно е да се изврши т.н. „сновење“ на нишките на основата по целата ширина и должина на планираната ткаенина. После тоа наснованите нишки се намотуваат на кросното распределени по целата планирана ширина на ткаенината. Секоја нишка поединечно се провлекува низ ништите и брдото и се врзува на второто кросно. Процесот на ткаење се состои во промена на положбата на ништите (горната оди долу, долната горе) со помош на подношките, така што се образува „пазува“ низ која се поминува сновалкатасовалката, оставајќи преѓа напречно на основата. Ткајачката повторно ја менува положбата на ништите со педалите, потоа ги трга брдилата кон себе си и ја набива преѓата. Потоа постапката се повторува. Кога ќе се исткае одредена количина ткаенина, истата се намотува на второто кросно.
 
== Разбојот во македонското творештво ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Разбој