Константин XI Палеолог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 45:
Султанот Мурат умрел во 1451, наследен од неговиот деветнаесет годишен син [[Мехмед II]]. Мехмед II бил опседнат со освојувањето на Цариград.<ref>Franz Babinger, ''Mehmed the Conqueror and his Time'', translated by Ralph Manheim (Princeton: University Press, 1978), p. 81</ref> Константин одговорил на ова со закана дека ќе го ослободи принцот Орхан, којшто бил претендент за османлискиот престол, доколку не бидат исполнети некои од неговите барања. Поради ова, Мехмед сметал дека Константин го прекршил примирјето и по зимата 1451-1452, Мехмед ја изградил [[Румелихисар]], тврдина на европската страна на Босфор, северно од градот кој ја сече комуникацијата со [[Црно Море|Црното Море]] на исток.<ref>Babinger, ''Mehmed'', pp. 77f</ref> Ова било дополнување на [[Анадолски Хисар|Анадолскиот Хисар]] на азиската страна на Босфор, изграден помеѓу 1393 и 1394 од султанот [[Бајазит I]]. За Константин тоа било очигледен обид за опсада и тој истовремено почнал да ја подготвува својата одбрана.
 
Тој успеал да обезбеди средства да се складира храна за претстојната опсада и да се поправат старите Теодосиеви ѕидини, но лошата состојба на византиската економија не му дозволила да се подигне потребната војска за одбрана на градот против масовната османлиска војска. Очаен за било каква воена помош, Константин XI се обратил на Западот потврдувајќи го обединувањето на источното православие и римокатоличката црква, кое било склучено при Советот на Фиренца, услов поставен од католичката црква пред било каква помош да биде понудена. Унијата била критикувана од мнозината поданици на антиунијата. Неговиот [[мега дукс]] [[Лука Нотарас]], неговиот главен министер и воен командант, наводно изјавил „Подобро е да се гледа турбанот на Турците како владее во центарот на градот, отколку латинската митра“[[митра (одежда)|митра]]“.<ref>Doukas, 37.9</ref> Конечно, иако некои војници пристигнале од градовите-држави во северна Италија, западната помош била занемарлива во споредба со потребите, имајќи ја предвид османлиската сила. Константин исто така побарал помош и од неговите браќа во Мореја, но било каква помош била оневозможена од страна на османлиската инвазија на полуостровот во 1452 година, приморан таму да ги задржи војниците.<ref>Babinger, ''Mehmed'', p. 80</ref> Опсадата на градот започнала зимата 1452 година. Константин се соочил со опсадата бранејќи го неговиот град од 60,000 жители со 7,000 војници. Со византиските сили се соочувала повеќебројна османлиска војска, помагана од врвна опсадна опрема овозможена од унгарскиот произведувач на оружје, [[Урбан]].<ref>Brett D. Steele & Tamera Dorland, ''The heirs of Archimedes: science and the art of war through the Age of Enlightenment'' (Cambridge: The MIT Press, 2005), p.128</ref>
 
=== Падот на Константинопол и смрт ===