'''Разбојот''' - справа (машина) која служи за [[ткаење]] на платна, [[јамболија|јамболии]] и килими[[килим]]и и е една од најбитните справи во историјата. Разбојот исто така е една од наједноставните справи која е конструирана. Првичните разбои биле целосно изработени од дрво и сите операции на нив се вршеле рачно. На принципот на кој работи стариот разбој, работат и големите фабрички машини за ткаење кои произведуваат илјадници метри материјал.
== Конструкција на рачен разбој ==
[[File:Ткајачки разбој 1931.jpg|thumb|mini|left|Девојчиња од Македонија, ткајатткаат на разбој (1931 г.)]]
Рачниот, за домашна употреба, разбој е дрвена конструкција во облик на паралелограм. На двата краја на овој костур се поставуваат два масивни цилиндри т.н. „кросна“„[[кросно (разбој)|кросна]]“ или „вратила“ – едниот за намотаната основа и вториот за навивање на исткаениот материјал после процесот на ткаење. Бидејќи во процесот на ткаење нишките треба да бидат добро затегнати и двете кросна имаат можност да се вртат околу своите оски со што се постигнува добра затегнатост на нишките од основата. Секоја од намотаните нишки потоа минува низ т.н. „ништи“„[[ништи]]“ или „ништелки“. Тие се најмалку две, но може да бидат и повеќе. „Ништите“ се поместуваат горе-долу преку „чкрипци“ со нагазување на „подношките“. Така два соседни конци во „ништите“ имаат различна положба, едниот е горе, а другиот долу. Непосредно до ништите во насока на ткајачката се наоѓаат т.н. „брдила“„[[брдило (разбој)|брдила]]“ или „набрдилa“. Тоа претставува масивна дрвена рамка со вметнато „брдо“„[[брдо (разбој)|брдо]]“ (решетка од цврсто поставени тенки стапчиња од трска). Нишките од основата се поставуваат во отворите на брдото. Со „сновалката“„[[сновалка]]та“ се вметнува преѓа меѓу нишките од основата, потоа се менува положбата на ништите (тие што биле долу одат горе, и обратно) и со брдилото се натиснува ткаеното. На крајот исткаеното се навива на второто кросно.