Јасон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 15:
 
Патувајќи со Аргонаутите кон [[Колхида]], во потрага по златното руно, Јасон застанал патем на [[остров]]от [[Лемнос]] на којшто жените ги убиле сите мажи, а само Ипсипиле, служејќи се со измама, успеала да го спаси својот татко. Јасон успеал да ја заведе неа и ја оставил бремена, а подоцна, кога пристигнал на Колхида, во него се вљубила кралската ќерка [[Медеја]] и му помогнала да дојде до златното руно, но тој ја оставил и неа.<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 109.</ref>
 
==Исполнување на задачата ==
[[Image:Jasão e o Velo de ouro - Bertel Thorvaldsen - 1803.jpg|thumb|250px|Јасон со Златното руно, ремек дело на [[Бертел Торвалдсен]].]]
Потрагата по Златното руно била долга, неизвесна и исполнета со многу непредвидени тешкотии и само благодарение на силната поддршка на [[Хера]] и [[Атена]], како и на јунаштвото на неговите сопатници Јасон успеал да го донесе бродот до целта. Но и тогаш мисијата би била невозможна доколку во неа не се вплеткале божествата. Овојпат со помош на [[Афродита]], која издејствувала нејзиниот син [[Ерос]] да ја маѓепса ќерката на Ајет [[Медеја]], која му помагала на Јасон да дојде до руното.
 
Ајет на Аргонаутите им задавал речиси невозможни задачи за да избегне да им го предаде руното. Но и по исполнувањето на задачите, кралот Ајет одбил да го исполни ветеното и се заканил дека ќе го запали бродот [[Арго]] кој бил укотвен пред неговата престолнина [[Аја]] и дека ќе ја убие посадата. Знаејќи го тоа, Медеја ги повела Јасон и Аргонаутите во забранетата градина. Медеја со своето волшебништво им помогнала на Аргонаутите заспивајќи го чудовишниот змеј роден од крвта на [[Тифон]]. Јасон крадешкум го симнал руното, по што се повлекле во својот брод и тргнале назад.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Јасон