Демократија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 79.126.215.173) и ја поврати преработката 3627791 на Kolega2357
Ред 13:
Во своет дело „[[Политика (Аристотел)|Политика]]“, [[Аристотел]] се обидува да открие која форма на државно уредување е најдобра. Тој ги дели политичките режими според две начела - колкумина учествуваат во власта и како таа постапува, со добрина или со лоши цели и дејства, со насилство или со разбирање со населението.
 
Според Аристотел има шест вида власт. Добрите се: [[монархија]] - кога владее еден (наследствено) и добро; [[аристократија]] - кога со добро владее група на најдобри во државата (аристо=најдобар); и [[демократија]] - кога власта што владее со добро се добива според гласовите на мнозинството.
 
Лошите форми на власта се: [[тиранија]] - кога владее еден (кој со сила ја земал власта) и насилнички; [[олигархија]] - кога владее група најбогати кои водат грижа само за себе; и [[охлократија]] - кога владее џганот, односно мнозинството од лоши луѓе (или нивни избрани) кои прават само зло<ref> ''Филозофија за IV година'', д-р Стефан Сидовски и д-р Кирил Темков, Просветно Дело Скопје, 2005</ref>.