Социјалистичка Федеративна Република Југославија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-Втората Светска војна +Втората светска војна)
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 78:
Формирана е на [[29 ноември]] [[1943]] на Второто заседание на [[АВНОЈ]] во [[Јајце]] како заедница на 5 народи и 6 републики ([[Социјалистичка Република Босна и Херцеговина|Босна и Херцеговина]], [[Социјалистичка Република Македонија|Македонија]], [[Социјалистичка Република Словенија|Словенија]], [[Социјалистичка Република Србија|Србија]], [[Социјалистичка Република Хрватска|Хрватска]] и [[Социјалистичка Република Црна Гора|Црна Гора]]), со првобитно име '''Демократска Федеративна Југославија''' (ДФЈ). На ова заседание немало македонски претставници. Тоа име е променето на [[29 ноември]] [[1945]] на Третото заседание на [[АВНОЈ]] во [[Белград]], во '''Федеративна Народна Република Југославија''' (ФНРЈ), за конечно на [[7 април]] [[1963]] да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).
 
Социјалистичка Федеративна Република Југославија е наследничка на [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]] ([[1918]]-[[1943]]). За еден од најважните моменти што подоцна влијаеја Југославија да се распадне, се смета неуспехот на Вонредниот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, во Белград, на 22.1.1990. Престанува да постои во [[1992]], со отцепувањето на 4 од 6-те републики. Србија и Црна Гора, формираа нова заедница - најпрво [[Сојузна Република Југославија]], а подоцна во [[2003]]-та државната заедница [[Србија и Црна Гора]].
 
СФРЈ се граничела со [[Италија]] и [[Австрија]] на северозапад, [[Унгарија]] и [[Романија]] на север, [[Бугарија]] на исток, и [[Грција]] и [[Албанија]] на југ. Западниот дел на републиката излегувал на [[Јадранско море]].