Стефан Урош V: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. декември + декември)
Ред 29:
Владеењето на синот на царот Душан, било во секој поглед спротивно на владеењето и моќта на неговиот татко. Така да, првиот наследник на тронот, наследникот на царот Душан добил прекар Урош Несилниот. Новиот српски цар која титула ја наследил од татка си не успеал да ја заштити својата држава ниту од надворешните, ниту од внатрешните потреси.
 
Наjсериозен противник му бил Симеон Немањиќ, Душановиот полубрат. Иако целокупната српска властела и црква застанала на страната на Урош на државниот собир во [[Скопје]] одржан во 1357. Симеон војно далеку посилен самостојно себеси си дoделил царски ознаки и завладеал со Епир и Тесалија во 1359. Младиот Урош со помош на неговата мајка Елена(Јелена) и дубровчаните, на државниот собор одржан во Скопје, успеал да го спаси своето владеачкото наследство. Но сепак, набргу српската држава се поделила на две царства, Урошево и Симеоново. Во поголемиот дел кој ги опфаќал сите стари српски земји владеел Урош. Се претпоставува дека умрел на 2. или 4.  декември 1371. година, веројатно после Маричка битка, као последен српски цар.
 
За време на неговото владеење, 1365. година, за совладетел е крунисан крал Вукашин Мрњавчевиќ со надеж дека неговиот син наследник Марко Мрњавчевиќ(Крале Марко) ќе го наследи царскиот престол бидејки Урош немал наследници. Таа година Вукашиновиот брат Углеша ја превзема од царица Елена(Урошевата мајка) власта во градот Сер.