Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. ноември + ноември)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. декември + декември)
Ред 73:
 
=== Грабежот на Рим (410 г.) ===
Недостатокот на волја за соработка со Аларих меѓу дворјаните на Аркадиј е резултат на краткорочната доминација на војсководачот на Готите, [[Гајн]]. Неговата супериорност меѓу простите жители на [[Цариград]] разбудило големо непријателство кон Готите и варварските војници, генерално. Кога Гајн се одметнал и се обидел да избега преку [[Дунав]] во 400 г. го фатил и го убил кралот на [[Хуни]]те, [[Улдин]]. Во историските извори тоа било прво спомнување на Хуните северно од Дунав. Се чини дека на долината [[Волга]] токму во ова време почнале да се населуваат во областите на север од [[Дунав]] и во [[Панонска низина]]. Натамошното населување на Хуните во почетокот на V век предизвикало реакција слична на настаните од 375. година, само што сега потешко било огодено Западноримското царство. Веќе во 405 г. готскиот крал [[Радагајст]] ги повел своите луѓе од горниот Дунав во Италија, но во 406 г. Стилихон го поразил и го погубил кај [[Фиренца]]. Цената на оваа победа била повлекувањето на главнината на римската војска од [[Рајна]], која исто така ја притискале племињата кои се движеле – [[Вандали]]те, [[Свеви]]те, [[Алани]]те, [[Бургунди]]те... Поради постојаната потреба од луѓе, Стилихон му се јавил за помош на Аларих и потоа му наложил да му помогне на Западното царство во придобивањето на балканските територии. Во зимата 406/407 г. Готите се заседнале во [[Епир]], но римската воена помош никогаш не стигнала, бидејќи во меѓувреме се појавиле неколку нови и сериозни проблеми за Стилихон. Првин, на 31.  декември 406 г. групи на [[Вандали]], [[Силинзи]] и [[Хаздинзи]] ја поминале [[Рајна]] во друштво со [[Свеви]]те и [[Алани]]те, а ги следеле [[Бургунди]]те и [[Алемани]]те. Второ, поголема опасност за положбата на царот [[Хонориј]] претставувал уште еден узурпатор од [[Британија]], Константин III, кој летото 407 г. го преминал [[Ламанш]] и до мај 408 г. ја утврдил својата резиденција во [[Арелат]] (денешен [[Арл]]). Најпосле, војниците на Аларих, кои една година мирувале, се побуниле и нивниот крал ги повел во [[Италија]], за да изнуди од Стилихон решавање на статусот на Визиготите. Директна последица од овие случувања било преместувањето на резиденцијата на Западот од [[Милано]] во посигурната [[Равена]].
 
[[Податотека:Stilicho.jpg|thumb|250px|'''Стилихон и неговото семејство''', копија на диптих од слонова коска изработен околу 395 г. чиј оригинал денес се чува во [[Монца]]. [[Стилихон]] е прикажан со симболи на моќта на врховен војсководач, а левата плоча ја прикажува неговата сопруга Серена, братаница на царот [[Теодосиј I|Теодосиј Велики]], и синот Еухериј]]
Ред 125:
Кога вестите за пропаста на Петрониј Максим пристигнале во Галија, Авит се прогласил за цар на дворот на Теодорик во [[Бордо]]. Галските сенатори во [[Арл]], на 9 јули 455 г., го прифатиле [[Авит]] за цар и тој после тоа триумфално тргнал кон Италија, со друштво на визиготските војници. Во страв од Визиготите, двајата највлијателни војсководачи во Италија, [[Мајоријан]] и [[Рицимер]], го прифатиле избраниот варварски крал, а [[Теодорик II]] успеал и во она што не им пошло од рака ниту на Aларих, ниту на Атаулф. Од друга страна, сега Теодорик добил одврзани раце да војува против Свевите во Хиспанија. Визиготите тешко го опустошиле Пиринејскиот Полуостров и ги потиснале Свевите кон северозападот на Хиспанија. Со тоа Теодорик ја проширил својата влст на западниот дел на Хиспанија. Слично направиле и Бургундите кои ја зазеле долината на [[Рона]] се до [[Лион]], а Гејсерих ја освоил [[Мавританија]], [[Нумидија]] и [[Триполитанија]], како и [[Корзика]], [[Балеарските острови]] и [[Сицилија]]. Авит, кој во Италија бил прикажан како штитеник на Визиготите, не бил признат за цар од страна на источноримскиот двор. Додека Теодорик војувал по Хиспанија, Авит бил убиен во средината на 456 г.
 
[[Рицимер]], кој по татко бил Свев, а по мајка внук на визиготскиот крал [[Валиј]], сега врховен командант на западноримската војска (magister militum), го поддржал својот римски колега [[Мајоријан]], кој на 1 април 457 г., бил прогласен за цар, по подолг период во текот на кој источноримскиот цар [[Лав I]] форлмално бил владетел на обединетото царство. Овојпат, византискиот цар го признал [[Мајоријан]] за совладетел и признавањето го обележал така што Мајоријан, на 28.  декември, бил прогласен за цар по втор пат. Изгледа дека главната цел на владеењето на Мајоријан била да ја преземе Африка од Вандалите и заради тоа се обидел да ја обнови римскта власт во јужна Галија и Хиспанија, од каде сакал да тргне во поход против Вандалите. Иако Мајоријан ги натерал Визиготите и Бургундите да попуштат и повторно ги присилил да ги почитуваат сојузничките односи, неговите планови за поход на Африка не се оствариле. Командантот на римската војска во [[Илирик]], [[Марцелин]], летото 461 г. ги избркал Вандалите од [[Сицилија]], а римската флота од околу 300 бродови била разместена по пристаништата на Хиспанија, од [[Нова Картагина]] (денес [[Картагина]]) до [[Илик]] (денес [[Елче]]). Итриот [[Гејсерих]] сепак насетил од кој правец е планиран главниот напад и вандалската флота ги нападнала и ги запалила римските бродови пред да испловат кон Африка. Поразен пред вистинската битка, [[Мајоријан]] тргнал назад во Италија, но на 2 август, на патот бил уапсен од страна на поддржувачите на [[Рицимер]] и бил лишен од царските инсигнии. Мајоријан ја изгуфил поддршката на сенаторите ккои се обидел да ги оданочи за да стекне повеќе средства за своите воени планови. Рицимер го симнал од престолот, токму кога Мајоријан ги распуштил галските одреди, и го убил пет дена подоцна.
 
=== Конечното паѓање ===
Ред 170:
* [[Констанциј II]] (337-350, истокот на царството, 350-361, целото Римско царство)
** [[Магненциј]] (350-353, Галија, Британија, Хиспанија, Италија, Африка)
** [[Ветранион]] (1 март - 25.  декември 350, Илирик)
** [[Силван (узурпатор)|Силван]] ( 11 август - 7 септември 355, Келн во Германија)
* [[Јулијан Отпадник]] (353-361, цезар во Галија, 361-363, целото Римско царство)
Ред 197:
* [[Петрониј Максим]] (17 март - 22 мај 455)
* [[Авит]] (9/10 јули 455 - 17/18 октомври 456)
* [[Мајоријан]] (18 февруари/28.  декември 457 - 2/7 август 461)
* [[Либиј Север]] (19 ноември 461 - по 25 септември 465)
* [[Антемиј]] (12 април 467 - 11 јули 472)