Призренска лига: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јули + јули)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. октомври + октомври)
Ред 9:
== Ставот на Лигата кон одлуките на Берлинскиот конгрес ==
 
На Берлинскиот конгрес (13.07.1878 - 13.08.1878 г.) учествувале шестте големи сили на Европа. Албанскиот народ немал свои претставници кои би ги изнеле неговите ставови. По еден месец интензивни преговори, на 13 јули 1878 г. бил потпишан Берлинскиот договор. Со него, пределите населени со македонско и албанско население кои со [[Санстефанскиот договор]] биле дадени на Бугарија останале под Османлиска власт. На Србија и биле дадени: [[Пирот]], [[Врање]] и [[Ниш]], на Црна Гора: [[Бар (Црна Гора)|Бар]], [[Плав]], [[Подгорица]], [[Гусиње]], [[Ругово]] и [[Колашин]]. На конгресот било решено и прашањето за [[Грција]], која не учествувала во војната против Османлиската империја. Било решено за гранична линија меѓу неа и Османлиската држава да биде реката [[Каламис]] во [[Долна Албанија]], со што на Грција и биле дадени области во [[Чемерија]]. Албанците не биле задоволни од решенијата на Берлинскиот конгрес и затоа решиле да се спротистават на нив и да им покажат на големите сили дека албанскиот народ постои и е подготвен да се жртвува за своите права. Тоа Албанците го покажале во борбите за [[Плав]] и [[Гусиње]] кои требало да и припаднат на Црна Гора. Во август 1878 г. Големата Порта го испратила на [[Косово]] [[Мехмет Али Паша]] да ги убеди Албанците да не се противат на решенијата од Берлинскиот Конгрес. Најголемо спротиставување имало во [[Ѓаковица]] каде силите на Лигата го опседнале и го нападнале градот, и го убиле Мехмет Али Паша. По овој неочекуван настан Големата Порта прашањето за Плав и Гусиње го оставила за подоцна. Црногорскиот крал интервенирал кај Големите сили Високата Порта да ги повлече своите војски од [[Подгорица]], [[Шпуза]] и [[Жабљак]]. Призренската лига не се спротиставивал на давањето на овие области на Црна Гора, бидејќи биле со словенско население, а решила да ги брани Гусиње и Плав бидејќи биле со албанско население. Меѓу црногорските војски и силите на Лигата се воделе жестоки борби во кои Црногорците биле поразени. Со помош на Големите сили било решено на Црна Гора, наместо Плав и Гусиње, да и се дадат други албански области: [[Хот]] и [[Груда]]. Ваквото решение предизвикало незадоволство кај Албанците и во април [[1880]] г. повторо дошло до војна во која Црногорците одново биле поразени и принудени да се повлечат. Прашањето за [[Улцињ]] и албанските победи ги принудиле Големите сили да се состанат во Берлин на 26 јуни 1880 г. каде решиле наместо Хот и Груда на Црна Гора да и се даде Улцињ. Оваа одлука ја принудила албанската Лига да свика собрание во [[Ѓирокастро]] (26 јули 1880 г.) и во [[Дебар]] (20.  октомври 1880 г.), на кои покрај дискусија за статусот на Албанија во однос на Османлиската Империја се разговарало и за одбрана на земјата. Високата Порта се обидувала да ги убеди Албанците да го предадат Улцињ, но неуспешно. Големите сили соочени со нова ситуација решиле воено да интервенираат со испраќање на поморска флота пред Улцињ. Тие од Албанија побарале да го предаде градот. На 26. ноември 1880 г. османлиски сили го освоиле градот и го предале на Црногорците. Губењето на Улцињ предизвикало големо незадоволство кај Албанците.
 
== Привремената влада на Лигата и нејзиното распаѓање (1881 г.) ==