Битка кај Куманово (1912): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Serbian_artillery_Battle_of_Kumanovo.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. октомври + октомври)
Ред 26:
== Српскиот план ==
 
Според планот, српската војска на 22 октомври го имала следниот распоред: Првата армија била на позициите северно од [[Куманово]] со дивизиите во два ешалона, во првиот ешалон дивизии: Моравската од први повик на линијата село [[Ваксинце]] - село [[Табановце]] и Дринската кај [[Сушево]], еден полк бил на претстража на Николинскиот Вис и Дунавската од први повик со два полка во реонот на [[Младо Нагоричани]], а со другите два во [[Старо Нагоричани]]. На левото армиско крило на [[Сртевица]] бил распореден четничкиот одред, што главно бил составен од македонско население, а со него командувал војводата [[Воин Поповиќ-Вук]]. Во вториот ешалон биле дивизиите: Тимочката од втори повик кај [[Маминци]] и Дунавската втори повик кај село [[Бугариње]], додека Коњаничката дивизија се наоѓала зад Дунавската, а два нејзини ескадрона биле пред армискиот фронт. Втората армија со претходницата на [[Тимочка дивизија|Тимочката дивизија]] од први повик се наоѓала во реонот на [[Страцин]]. Третата армија на 23.  октомври се задржала во реонот на [[Приштина]], иако според наредбата на Врховната команда требало да го продолжи движењето за да содејствува со Првата армија.
 
Македонците во српските чети, како и оние во бугарските, постојано биле уфрлувани од зад грб на турската војска, или како претходница на српската војска први стапувале во вооружени судири и главно ги ослободувале селата, па и повеќето градови.