Реален Аикидо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.28.253.174 (разговор), вратено на последната верзија на Glaisher
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. август + август)
Ред 32:
При второто доаѓање во Токио, 1993 година во Јошинкан, Врачаревиќ се запознал лично со Гозо Шиода 10 ДАН, и добил сертификат за учество на семинарот, како потврда за прифаќањето на Реален Аикидо од страна на големиот мајстор Шиода. Месец подоцна тој добива дозвола да ја посети Царската палата, и во таа пригода се запознава и разменува искуства со главниот инструктор на царската гарда.
Врачаревиќ е носител на титулата Академик на Аикидо доделена од страна на Руската Академија. Од 1996 година Љубомир Врачаревиќ е професор на Вишата школа за спортски тренери на Белградскиот Универзитет, а од 1998 година во Белград почнува со работа неговата школа за професионални телохранители.
На 9.  август во Далас - Тексас, на мајсторот Љубомир Врачаревиќ, доделена му е најголемата титула во боречките вештини - 10 Дан - Соке, како основач на стилот Реален Аикидо.
Со ова унапредување, највисоко во светот на боречките спортови и вештини, Љубомир Врачаревиќ влезе во друштвото на малубројните основачи на стилови и избрани врвни светски мајстори.
Мајсторот Врачаревиќ чие име во 2002 година беше запишано во "Куќата на славните" со титулата Гранд Мастер, во 2003 година стана член на Меѓународниот совет на големи мајстори (International Martial Arts Headfounders Grand Masters Council, носители на 10 Дан во различни боречки вештини) како и директор на истата институција за Југоисточна Европа. Со сите овие признанија Реалниот Аикидо влезе во класификацијата на боречките вештини како автентична боречка вештина.