Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јули + јули)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. август + август)
Ред 47:
[[Податотека:Colosso-de-barletta.jpg|thumb|200px|'''Колосот од Барлета''', статуа на римски цар од IV век, највероjатнo на [[Валентинијан I]]. Статуата по традиција е донесена од [[Цариград]] по 1204 год. и по бродоломот е донесена во [[Барлета]], [[Италија]]. Рацете и нозете се додадени во периодот на [[Ренесанса]]та.]]
 
Меѓутоа, голем удар за римскиот свет дошол од исток, каде што во средината на IV век [[Готи|готските]] племиња биле во постојани приближувања под притисокот на номадските [[Хуни]], кои стигнале во краиштата северно од [[Црно Море]]. Хуните покориле разни готски групи, како и [[Сармати]]те, [[Алани]]те и други народи. Готските пратеници побарале од Валентијан, кој бил трајно вмешан во војната со [[Персија]], да ги прими на територијата на Царството. Во 376 г. тој го дозволил тоа и племето [[Тервинзи]] го поминало [[Дунав]] и се населило во [[Тракија]]. По нив, спротивно на договорот, следеле [[Грејтунзи]]те и еден дел од [[Алани]]те. Случувањата избегале од контрола, посебно кога [[Готи]]те, поради махинациите на локалните римски великодостојници, се побуниле во 377 г. и почнале да го пљачкосуваат [[Балкан]]от. Валентијан побрзал од исток, и не чекајќи го внукот [[Грацијан]] кој доаѓал, на 9.  август 378 г. влегол во отворена битка кај [[Адријанопол]]<ref>[http://ancienthistory.about.com/od/valens/a/Adrianople.htm Emperor Valens' Military Defeat in the Battle of Adrianople] By N.S. Gill, About.com Guide ([[англиски јазик|анг.]])</ref> (денешно [[Едрене]], на границата меѓу [[Бугарија]] и [[Турција]]). Резултатот од битката бил катастрофален бидејќи [[Готи]]те ја уништиле целата римска војска и го убиле царот<ref>[http://ancienthistory.about.com/library/weekly/aa062601a.htm Roman Emperor Theodosius I (A.D. 379-395), About.com Guide] ([[англиски јазик|анг.]])</ref>. По овој незапаметен пораз, [[Грацијан]] за свој источен колега го именувал искусниот војсководач [[Теодосиј I]]. Во текот на долготрајната Готска војна, [[Теодосиј I]] на крајот ги смирил Готите со дипломатски, а не воени средства. Според договорот од 3. октомври 382 г. Готите, како римски сојузници, биле населени во [[дијацеза]]та Тракија, а за возврат морале на Римјаните да им испраќаат воени одреди. Новината била во тоа што овие сојузници биле населени на територијата на Царството, што живееле според сопствени закони и војувале под команда на своите водачи.
 
=== Варвари и епископи ===
Ред 61:
 
Без поддршката на Сенатот, а наскоро и на војската, [[Грацијан]] бил убиен во 383 г. во судирот со [[Магн Максим]], командантот на британските легии. После тоа, војсководачот на Валентијан, [[Баутон]], кој имал [[франки|франачко]] потекло, успеал да ги блокира [[Алпи|алпските]] превои и новата узурпација била разрешена со дипломатија. [[Магн Максим]] бил признат како западен [[август (титула)|август]], чија власт ја признале [[Британија]], [[Галија]], [[Хиспанија]] и [[Африка]]. Кога во 387 г. западниот август го прекршил договорот и ја нападнал [[Италија]], младиот Валентијан и неговата мајка побегнале кај Теодосиј во [[Солун]]. По низа тешки борби на [[Балкан]]от, Теодосиј, со помош на готските одреди, успеал во 388 г. кај [[Аквилеја]] да го порази и да го погуби [[Магн Максим]]. Потоа Теодосиј се задржал на Запад се до 391 г. до кога поважните позиции им ги препуштил на своите луѓе. Неговата посета на Запад била значајна од повеќе причини. Првата била таа што се покажало дека во царскиот колегиум источноримскиот владател е посилен партнер, кој својот избор за совладател може да му го наметне на Западното царство. Вториот аспект било јавното покајание, откако [[Амброзиј Милански]] го екскомуницирал Теодосиј, низ што царот поминувал со месеци за да се искупи за колежот на околу 7000 бунтовници од [[Солун]]. И најпосле, Амброзиј влијаел во 391 г. царот да издаде низа [[декрет]]и кои биле насочени против паганството. Паганството воопшто не било потполно задушено со овие закони, но бројни традиционални обичаи биле укинати. На пример, бил распуштен колегиумот на [[весталки]]те и изгасен е вечниот оган на [[Веста]], претскажувањето на иднината по пат на ауспициј станало казниво, а најпосле, во 393 г. биле укинати древните [[Олимписки игри]]. Јавното потчинување на Теодосиј на епископот Амброзиј и низата антипагански мерки го означиле крајот на паганството.
Теодосиј се вратил на исток и го оставил франкот [[Арбогаст]] како врховен воен заповедник на Западот (magister militum). Во рацете на Арбогаст се наоѓала сета власт и младиот Валентинијан во неколку наврати му се пожалил на Теодосиј за неговото владеење. Најпосле, официјално на 15, мај 392 г. Валентинијан извршил самоубиство, но во [[Константинопол]] почнале сомневањата дека Арбогаст го убил царот. Веќе на 22.  август 392 г. за западноримски цар е прогласен [[Евгениј]] кој, иако номинално бил христијанин, им пружил поддршка на паганите. Теодосиј одбил да го признае Евгениј за нов цар, туку својот деветгодишен син [[Хонориј]] го прогласил за август на Западот на 23 јануари 393 г. Прогласувањето на Хонориј било исто што и објавување војна и Теодосиј започнал нов поход на Запад и на 6. септември 394 г. ги поразил [[Евгениј]] и [[Арбогаст]] во битката на [[Фригид]]. (денешна граница меѓу [[Италија]] и [[Словенија]]), со што повторно, слично на Константин, го обединил Римското царство под своја власт.
 
== Слабеење ==
Ред 77:
[[Податотека:Stilicho.jpg|thumb|250px|'''Стилихон и неговото семејство''', копија на диптих од слонова коска изработен околу 395 г. чиј оригинал денес се чува во [[Монца]]. [[Стилихон]] е прикажан со симболи на моќта на врховен војсководач, а левата плоча ја прикажува неговата сопруга Серена, братаница на царот [[Теодосиј I|Теодосиј Велики]], и синот Еухериј]]
 
Стилихон со поткуп краткотрајно го решил прашањето за Визиготите, но и неговата хегемонија на дворот била при крај. Од [[Цариград]] стигнала вест дека на 1 мај 408 г. починал царот Аркадиј и престолот му го оставил на својот малолетен син [[Теодосиј II]]. Стилихон и Хонориј потоа јавно се судриле околу прашањето кој од нив двајца ќе патува во градот на Kонстантин и ќе ги реши тамошните проблеми. На крајот, непријателите на Стилихон ја пуштиле веста дека восјководачот се подготвува да оди на Исток само за да го симне од престолот малиот Теодосиј и да го постави својот син [[Еухериј]] за источноримски цар. Ваквите гласини во [[Павија]] предизвикале бунт на војниците во кој настрадале приврзаниците на Стилихон. Самиот Cтилихон бил обвинет за предавство и бил убиен во [[Равена]] на 22.  август 408 г. Неговото убиство предизвикало реакција кај сите оние кои биле антиварсварски расположени, така што биле убиени семејствата на околу 13.000 готски војници во [[Италија]]. Овие ветерани на [[Радaгајст]], кои биле во служба на Рим во 406 г., сега му се придружиле на [[Аларих]].
 
Откако ги преминал [[Алпи]]те, готскиот крал во 408 г. го опседнал Рим и го натерал Сенатот да му плати огромна откупнина. Сенаторите побарале од царот, кој бил заштитен со ѕидините и мочуриштата на [[Равена]], да попушти и да склучи поволен договор со Аларих. Исто така, и кралот бил подготвен на компромис и побарал Готите да се населат на тлото на провинцијата [[Норик]] и да се снабдуваат со годишното количество жито што ќе го одреди Хонориј. И овојпат царот останал неумолив и во 409 г. Аларих повторно го опседнал Рим, и за уште посилно да го уцени Хонориј, средил градскиот перфект [[Атал Приск]] да биде прогласен за август. Бидејќи на Хонориј верна му останала пребогатата дијацеза Африка, Аларих во јули 410 г. го симнал од престолот [[Атал]] и започнал нови преговори. На местото на договрениот состанок, на околу 12 км од Равена, визиготскиот крал и неговата придружба ги нападнал римски одред под команда на готскиот заповедник [[Сар]], инаку стар непријател на Аларих. Аларих побеснел и ги повел своите луѓе кон Рим, каде на 24.  август 410 г. на Визиготите им биле отворени градските порти. Следувал тридневен грабеж на Рим, која ги згрозила учените провинцијалци, како што биле [[Аврелиј Августин]] и [[Јероним]], но всушност тој грабеж не бил разорен. Како поддржувач на аријанското христијанство, Aларих плански ги поштедил римските цркви и обезбедил придружба за христијанското свештеништво. Немало убивање, но Готите ја запалиле зградата на Сенатот. Натоварени со пленот и водејќи угледни заробеници, меѓу кои била и полусестрата на [[Хонориј]], [[Гала Плацидија]], Визиготите тргнале кон југот на Италија. Аларих сакал оттаму да го пренесе својот народ во сигурноста на северна Африка, но бура ги уништила подготвените бродови. Наскоро, како последица на замор, Аларих умрел, а нов крал на [[Визиготи]]те станал неговиот шура [[Атаулф]].
 
=== Обидот за обнова ===
Ред 99:
=== „Последниот вистински Римјанин“ ===
 
Воздигнувањето на Констанциј за [[август (титула)|август]] никогаш не било прифатено во [[Константинопол]], но тој конфликт бил брзо надминат откако мажот на Плацидија умрел на 2. септември 421 г. Гала Плацидија, сега мајка на малиот Валентинијан, се обидела да обезбеди наследство на престолот за својот син, но во 422 г. била протерана и се скрила во Цариград на дворот на [[Теодосиј II]]. [[Хонориј]], кој немал деца, умрел на 15.  август 423 г. и неговата смрт довела до нови беспошттедни борби кои практично ги уништиле сите придобивки од напорите на Констанциј.
 
[[Податотека:Galla Placidia (rechts) und ihre Kinder.jpg|thumb|250px|'''[[Гала Плацидија]] и нејзините деца''', [[августа (титула)|августата]] е прикажана десно, нејзината ќерка [[Хонорија]] во средината, а синот [[Валентинијан III]] лево.]]
Ред 125:
Кога вестите за пропаста на Петрониј Максим пристигнале во Галија, Авит се прогласил за цар на дворот на Теодорик во [[Бордо]]. Галските сенатори во [[Арл]], на 9 јули 455 г., го прифатиле [[Авит]] за цар и тој после тоа триумфално тргнал кон Италија, со друштво на визиготските војници. Во страв од Визиготите, двајата највлијателни војсководачи во Италија, [[Мајоријан]] и [[Рицимер]], го прифатиле избраниот варварски крал, а [[Теодорик II]] успеал и во она што не им пошло од рака ниту на Aларих, ниту на Атаулф. Од друга страна, сега Теодорик добил одврзани раце да војува против Свевите во Хиспанија. Визиготите тешко го опустошиле Пиринејскиот Полуостров и ги потиснале Свевите кон северозападот на Хиспанија. Со тоа Теодорик ја проширил својата влст на западниот дел на Хиспанија. Слично направиле и Бургундите кои ја зазеле долината на [[Рона]] се до [[Лион]], а Гејсерих ја освоил [[Мавританија]], [[Нумидија]] и [[Триполитанија]], како и [[Корзика]], [[Балеарските острови]] и [[Сицилија]]. Авит, кој во Италија бил прикажан како штитеник на Визиготите, не бил признат за цар од страна на источноримскиот двор. Додека Теодорик војувал по Хиспанија, Авит бил убиен во средината на 456 г.
 
[[Рицимер]], кој по татко бил Свев, а по мајка внук на визиготскиот крал [[Валиј]], сега врховен командант на западноримската војска (magister militum), го поддржал својот римски колега [[Мајоријан]], кој на 1 април 457 г., бил прогласен за цар, по подолг период во текот на кој источноримскиот цар [[Лав I]] форлмално бил владетел на обединетото царство. Овојпат, византискиот цар го признал [[Мајоријан]] за совладетел и признавањето го обележал така што Мајоријан, на 28. декември, бил прогласен за цар по втор пат. Изгледа дека главната цел на владеењето на Мајоријан била да ја преземе Африка од Вандалите и заради тоа се обидел да ја обнови римскта власт во јужна Галија и Хиспанија, од каде сакал да тргне во поход против Вандалите. Иако Мајоријан ги натерал Визиготите и Бургундите да попуштат и повторно ги присилил да ги почитуваат сојузничките односи, неговите планови за поход на Африка не се оствариле. Командантот на римската војска во [[Илирик]], [[Марцелин]], летото 461 г. ги избркал Вандалите од [[Сицилија]], а римската флота од околу 300 бродови била разместена по пристаништата на Хиспанија, од [[Нова Картагина]] (денес [[Картагина]]) до [[Илик]] (денес [[Елче]]). Итриот [[Гејсерих]] сепак насетил од кој правец е планиран главниот напад и вандалската флота ги нападнала и ги запалила римските бродови пред да испловат кон Африка. Поразен пред вистинската битка, [[Мајоријан]] тргнал назад во Италија, но на 2.  август, на патот бил уапсен од страна на поддржувачите на [[Рицимер]] и бил лишен од царските инсигнии. Мајоријан ја изгуфил поддршката на сенаторите ккои се обидел да ги оданочи за да стекне повеќе средства за своите воени планови. Рицимер го симнал од престолот, токму кога Мајоријан ги распуштил галските одреди, и го убил пет дена подоцна.
 
=== Конечното паѓање ===
Ред 138:
[[Податотека:Leo I Louvre Ma1012.jpg|thumb|'''Биста на источноримскиот цар [[Лав I]]''': Бистата, изработена околу 470 г., го прикажува царот Лав кој скоро до самиот крај се обидувал да го спаси Западноримското царство, дури и по цена на потполно празнење на [[цариград]]ската ризница во 468 г.]]
 
Бидејќи неговиот штитеник бил во неволја, Лав го испратил [[Олибриј]] во Италија за да се обиде да посередува меѓу царот и Рицимер. И пред Антемиј официјално да биде тргнат од престолот, Олибриј бил прогласен за цар во април 472 г. Потоа Антемиј бил симнат од престолот и убиен, но тоа се покажало како последен триумф на Рицимер, бидејќи моќниот восјководач умрел на 18.  август. Олибриј не го надживеал долго, бидејќи умрел од хидропсија на 2. ноември истата година. Положбата на Рицимер и улогата на сивата еминенција ја наследил неговиот сестричник [[Гундобад]], принцот на [[Бургундија]]. Неговиот избор паднал на [[Глицериј]], командант на гардата на доместиците (comes domesticorum). Глицериј бил прогласен за цар на 3 март 473 г., но набргу останал без најсилната поддршка, откако Гундобад во почетокот на 474 г. ја напуштил италија за да учествува во борбата за престолот во бургундија, откако неговиот татко [[Гундиох]] умрел. Глицериј не бил прифатен во Цариград и [[Лав I]] му одобрил на командантот на илирската војска [[Јулиј Непот]], сестричникот на [[Марцелин]], да го заземе западноримскиот престол. Во летото 474 г. [[Јулиј Непот]] се истоварил во римското пристаниште Остија и потоа без борба влегол во Рим и го натерал Глицериј да го напушти престолот. Глицериј морал да прифати да биде епископ на [[Салона]] (денешен [[Сплит]]) во [[Далмација]].
 
Од друга страна, варварските кралства на западот зајакнале во текот на римските судири и [[Јулиј Непот]] во 474 г. му ги признал на Еурих сите освојувања во [[Галија]] и [[Хиспанија]]. Непот ги препуштил градовите кои долго се спротивставувале на Визиготите во замена за [[Прованса]]. Истата година Лав ги признал освојувањата на Гејсерих со што Византија практично се откажала од понатамошните потфати на Запад. Во самата Италија, Непот, како човек од истокот, не бил претерано популарен и на 28.  август 475 г. ја напуштил Италија и се вратил во Далмација под притисок на командантот на војската [[Орест]], поранешен секретар на Aтила. Потоа, на 31. октомври 475 г. Орест го прогласил својот син [[Ромул Августул|Ромул]] за цар. Новиот август Ромул бил се уште дете на околу десетгодишна возраст и поради тоа бил запомнет под деминутивот Августул. Превратот на Орест не бил прифатен ниту во [[Константинопол]], ниту во галскиот [[Соасон]], каде [[Сиагриј]] продолжил да кова пари во име на [[Јулиј Непот]] кој сега владеел само со Далмација. Орест успеал да го симне од престолот Јулиј Непот, но немал пари за да ја исплати војската која го направила превратот. Варварските одреди на [[Скири]]те и [[Ругијци]]те, кои стапиле во служба на Рим по распадот на царството на Атила барале барем да им се подари земја во Италија. Орест одбил да спроведе населување на варварските наемници во Италија, но за возврат дошло до бунт предводен од поглаварот на Скирите, [[Одоакар]]. Тој прво го совладал Орест кај [[Плацентиј]] на 28.  август, а потоа и неговиот брат Павле на 4. септември 476 г. Младиот [[Ромул Августул]] бил симнат од престолот и испратен на еден имот во [[Кампанија]]<ref>[http://www.archive.org/stream/medievaleuropefr00bmuoft#page/n69/mode/2up Medieval Europe from 395 to 1270] Bémont, Charles, 1848-1939 ([[англиски јазик|анг.]])</ref>.
 
[[Податотека:Solidus-Odoacer-ZenoRIC 3657cf.jpg|thumb|left|300px|'''Златник на Одоакар искован во име на источноримскиот цара Зенон''': Парите ја потврдуваат формалната власт на [[Зенон]] над Италија. Во практиката [[Одоакар]] бил независен владетел, прв варварски крал на Италија, древниот центар на Римското царство.]]
Ред 171:
** [[Магненциј]] (350-353, Галија, Британија, Хиспанија, Италија, Африка)
** [[Ветранион]] (1 март - 25. декември 350, Илирик)
** [[Силван (узурпатор)|Силван]] ( 11.  август - 7. септември 355, Келн во Германија)
* [[Јулијан Отпадник]] (353-361, цезар во Галија, 361-363, целото Римско царство)
 
Ред 197:
* [[Петрониј Максим]] (17 март - 22 мај 455)
* [[Авит]] (9/10 јули 455 - 17/18. октомври 456)
* [[Мајоријан]] (18 февруари/28. декември 457 - 2/7.  август 461)
* [[Либиј Север]] (19. ноември 461 - по 25. септември 465)
* [[Антемиј]] (12 април 467 - 11 јули 472)
* [[Олибриј]] (април/мај 472 - 22. октомври или 2. ноември 472)
* [[Глицериј]] (3/5 март 473 - јуни 474)
* [[Јулиј Непот]] (19/24 јуни 474 - 28.  август 475, потоа само во Далмација до 25 април/9 мај/22 јуни 480)
* [[Ромул Августул]] (31. октомври 475 - 4. септември 476.)