Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јуни + јуни)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јули + јули)
Ред 34:
Со реформите на [[Диоклецијан]] започнува периодот на институционализација на заедничкото владеење и неговото поврзување со територијалната поделба на Царството<ref>[http://www.roman-emperors.org/dioclet.htm An Online Encyclopedia of Roman Emperors, Diocletian ( 284-305 A.D.)] Ralph W. Mathisen, University of South Carolina, 1997 ([[англиски јазик|анг.]])</ref>. Во 286 г. [[Диоклецијан]] за свој заеднички владател во ранг на август го поставил својот стар воен другар [[Максимијан]], кој на управување ја добил територијата западно од [[Дрина]] и северноафриканскиот рт [[Сирт]]. Кога заповедникот на римската флота на [[Ламанш]], [[Караусиј]], се одметнал и се прогласил за цар во [[Британија]], [[Диоклецијан]] решил да го прошири царскиот колегиум. Двајцата [[август (титула)|август]]и, во 293 г., добиле заеднички владетели и помошници – [[цезар (титула)|цезар]]и: Диоклецијан го добил [[Галериј]], а Максимијан - [[Констанциј I Хлор]]. Во 296 г. Констанција ја повратил [[Британија]] и со тоа ја прекинал можноста да се повтори историјата на царството на [[Постум]]. Истата година цезарот однел неколку победи против [[Алемани]]те, додека во 297-298 г. [[Максимијан]] ги смирил бунтувањата на племињата на [[Маври]]те во северна [[Африка]].
[[Податотека:Venice – The Tetrarchs 03.jpg|thumb|200px|left|'''Тетрарси''', порфирна група од почетoкот на IV век која денес се наоѓа во [[Венеција]]. Статуата ги претставува деперсонализираните цареви за да го прикаже единството на царскиот колегиум. Воените униформи и рацете на дршките од мечовите ја демонстрираат одлучноста на тетрарсите.]]
[[Диоклецијан]] и [[Максимијан]] доброволно се повлекле од власт на 1 мај 305 г. и местото август им го препуштиле на дотогашните цезари. Цезар на [[Констанциј]] станал штитеникот на [[Галериј]], [[Север II]] на кого му биле доверени [[Панонија]], [[Италија]] и [[Африка]], додека со остатокот од царството владеел [[Констанциј I Хлор]]. [[Тетрархија|Тетрархискиот]] систем почнал да се руши кога на 25.  јули 306 г. Констанциј починал во [[Јорк]], при што насобраната војска, спротивно од плановите на [[Диоклецијан]], за нов цар го избрала синот на Хлор, [[Константин]]. Примерот на [[Константин]] набргу го следел и синот на [[Максимијан]], [[Максенциј]], кој за цар на Рим се прогласил со поддршка на [[Римски сенат|сенатот]] и [[претор (титула)|претор]]ијанците. За разлика од Константин, Максенциј никогаш не бил признат за легитимен цар, но со помош на својот татко, кој се вратил од политичката пензија, успеал да го тргне Север. Накратко, западниот дел од царството бил поделен помеѓу неколку амбициозни владетели. Најпосле, [[Константин Велики]] го ликвидирал таткото на својата сопруга, [[Максимијан]], во 310 г. во битката кај [[Милвискиот мост]], во близина на Рим. Откако на другиот владател кој владеел со него, [[Лициниј]], во 316 г. му ги одзел сите подунавски и [[балкан]]ски територии, освен [[дијацеза]]та [[Тракија]], Константин ретко се враќал на Запад, поминувајќи го времето во подготовки за натамошни походи. Во 324 г. [[Лициниј]] бил отстранет и конечно Константин се наметнал за единствен владател на Римското царство. Трајна царска резиденција подигнал на [[Босфор]]от, на местото на древниот [[Византион]] и го нарекол Нов или Втор Рим. Меѓутоа, уште додека бил жив, новиот град неговите современици почнале да го нарекуваат [[Константинопол]]. Градот бил планиран како раскошна царска резиденција, каква што веќе биле [[Трир]] во [[Германија]] или [[Сирмиум]] (денешна [[Сремска Митровица]]) во [[Подунавје]]то, но веќе во средината на IV век ги добил сте привилегии како и Рим и со тоа de facto станал втора престолнина на царството. Со тоа политичкиот центар на Римското царство бил поместен на побогатиот и понаселен Исток.
 
[[Податотека:Tetrarchy map3.jpg|thumb|340px|Царството во периодот на [[тетрархија]]та]]
Ред 123:
[[Податотека:Solidus Petronius Maximus-RIC 2201.jpg|thumb|300px|'''Златник на [[Петрониј Максимус]]''': царот кој малку владеел е прикажан на реверсот во победнички став кој повеќе ја претставува вообичаената царска иконографија, отколку реалноста.]]
 
Кога вестите за пропаста на Петрониј Максим пристигнале во Галија, Авит се прогласил за цар на дворот на Теодорик во [[Бордо]]. Галските сенатори во [[Арл]], на 9.  јули 455 г., го прифатиле [[Авит]] за цар и тој после тоа триумфално тргнал кон Италија, со друштво на визиготските војници. Во страв од Визиготите, двајата највлијателни војсководачи во Италија, [[Мајоријан]] и [[Рицимер]], го прифатиле избраниот варварски крал, а [[Теодорик II]] успеал и во она што не им пошло од рака ниту на Aларих, ниту на Атаулф. Од друга страна, сега Теодорик добил одврзани раце да војува против Свевите во Хиспанија. Визиготите тешко го опустошиле Пиринејскиот Полуостров и ги потиснале Свевите кон северозападот на Хиспанија. Со тоа Теодорик ја проширил својата влст на западниот дел на Хиспанија. Слично направиле и Бургундите кои ја зазеле долината на [[Рона]] се до [[Лион]], а Гејсерих ја освоил [[Мавританија]], [[Нумидија]] и [[Триполитанија]], како и [[Корзика]], [[Балеарските острови]] и [[Сицилија]]. Авит, кој во Италија бил прикажан како штитеник на Визиготите, не бил признат за цар од страна на источноримскиот двор. Додека Теодорик војувал по Хиспанија, Авит бил убиен во средината на 456 г.
 
[[Рицимер]], кој по татко бил Свев, а по мајка внук на визиготскиот крал [[Валиј]], сега врховен командант на западноримската војска (magister militum), го поддржал својот римски колега [[Мајоријан]], кој на 1 април 457 г., бил прогласен за цар, по подолг период во текот на кој источноримскиот цар [[Лав I]] форлмално бил владетел на обединетото царство. Овојпат, византискиот цар го признал [[Мајоријан]] за совладетел и признавањето го обележал така што Мајоријан, на 28. декември, бил прогласен за цар по втор пат. Изгледа дека главната цел на владеењето на Мајоријан била да ја преземе Африка од Вандалите и заради тоа се обидел да ја обнови римскта власт во јужна Галија и Хиспанија, од каде сакал да тргне во поход против Вандалите. Иако Мајоријан ги натерал Визиготите и Бургундите да попуштат и повторно ги присилил да ги почитуваат сојузничките односи, неговите планови за поход на Африка не се оствариле. Командантот на римската војска во [[Илирик]], [[Марцелин]], летото 461 г. ги избркал Вандалите од [[Сицилија]], а римската флота од околу 300 бродови била разместена по пристаништата на Хиспанија, од [[Нова Картагина]] (денес [[Картагина]]) до [[Илик]] (денес [[Елче]]). Итриот [[Гејсерих]] сепак насетил од кој правец е планиран главниот напад и вандалската флота ги нападнала и ги запалила римските бродови пред да испловат кон Африка. Поразен пред вистинската битка, [[Мајоријан]] тргнал назад во Италија, но на 2. август, на патот бил уапсен од страна на поддржувачите на [[Рицимер]] и бил лишен од царските инсигнии. Мајоријан ја изгуфил поддршката на сенаторите ккои се обидел да ги оданочи за да стекне повеќе средства за своите воени планови. Рицимер го симнал од престолот, токму кога Мајоријан ги распуштил галските одреди, и го убил пет дена подоцна.
Ред 134:
Дури на 12 април 467 г. за цар бил прогласен источноримскиот војсководач [[Антемиј]], зет на [[Маркијан]] и некогашен противкандидат на Лав. Набргу Антемиј стигнал во Италија во придружба на илирските одреди на [[Маркијан]]. Рицимер станал зет на [[Антемиј]] и ја испразнил ризиницата на источноримскиот двор, вложувајќи 103.000 фунти злато (околу 46 тони) за да го исфинансира походот над Вандалите. Во јуни 468 г. флота од 1.100 бродови со околу 30.000 војници испловила од Цариград по команда на шурата на Лав, [[Василиск]]. Во исто време, [[Маркијан]] и неговите одреди од [[Илирик]] повторно ја зазеле [[Сицилија]], а потоа и [[Сардинија]]. Севкупно, римската војска можела да брои околу 50.000 вооружени луѓе. Веројатно планот на Василиск бил да го заземе градот [[Утика]] и оттаму да тргне во напад по копно на вандалската престолнина [[Картагина]]. Римската флота се укотвила кај ртот [[Бон (рт)|Бон]], но токму како и во 461 г., Гејсерих стапил во акција пред Василсик да има шанса да го оствари својот план. Вандалите, користејќи го поволниот ветар што дувал од североисток, запалиле неколку бродови кои потоа ги испратиле во правец на римската армија. Според описот на [[Прокопиј]], ексепдицијата ја зафатила вистинска катастрофа, голем број бродови биле зафатени од огнот, дел од војниците и морнарите се удавиле, а еден дел биле зарабени. Василиск побегнал назад во Цариград и се измолил за прошка благодарејќи на својата сестра, царицата [[Верина]]. Источноримската ризница била потполно исцрпена и со својата економска и штедлива политика ја опоравил и наполнил дури царот [[Анасатасиј I]], во почетокот на VI век.
 
Неуспехот на римскиот поход над Вандалите од 468 г. денес се смета за настан кој конечно ја запечатил судбината на Западното Римско царство. [[Антемиј]] сега владеел само со Италија и Сицилија директно, додека царската власт ја признавала и северна Галија, која била под управа на синот на [[Егидиј]], [[Сиагриј]]. Некаде околу 460 г. римската власт постепено престанала да се чувствува и во провинцијата [[Норик]], меѓу [[Алпи]]те и [[Дунав]]. Според [[Житието на Свети Северин]], кое монахот [[Евгипиј]] го составил во 510 г., кога парите од царската ризница престанале да пристигнуваат, римската војска во Норик почнала постепено да се намалува. Така, професионалните војници станале земјоделци и занаетчии кои се уште жилаво ги бранеле своите населби од грабежите на варварите. Некои градови пак, со текот на времето ја прифатиле власта и заштитата на кралот [[Ругијац]], но други биле постојана мета на напади на [[Алемани]]те, [[Херули]]те и [[Остроготи]]те. Според зборовите на [[хагиографи]]те, до смртта на Северин во 482 г. само ретки римски градови опстанале, додека локалните Романи често биле преселувани во склад со потребите на варварските племиња. Веројатно ситуацијата во Норик може да се примени како илустрација за случувањата во другите делови на римскиот запад. Како и да е, Антемиј веќе не бил во можност да ги брани римските територии северно од Алпите. Братот на Теодорик, [[Еурих]], ја искористил пропаста на походот на Африка и веќе во 469 г. ја проширил власта на Визиготите се до реката [[Лоара]] на север. Големите градови како [[Арл]] и [[Марсеј]] се уште биле надвор од дофатот на варварите, но Еурих ги опседнувал скоро секоја година. До 473 г. Визиготите го зазеле и средоземниот брег на Хиспанија. Последниот обид на Антемиј да организира поход на Визиготите завршил со пораз во 471 г. После тоа, Рицимер и дефинитивно се свртел против антемиј, го опседнал во Рим и на крајот го погубил на 11.  јули 472 г.
 
[[Податотека:Leo I Louvre Ma1012.jpg|thumb|'''Биста на источноримскиот цар [[Лав I]]''': Бистата, изработена околу 470 г., го прикажува царот Лав кој скоро до самиот крај се обидувал да го спаси Западноримското царство, дури и по цена на потполно празнење на [[цариград]]ската ризница во 468 г.]]
Ред 196:
=== Нединастиски владетели ===
* [[Петрониј Максим]] (17 март - 22 мај 455)
* [[Авит]] (9/10.  јули 455 - 17/18. октомври 456)
* [[Мајоријан]] (18 февруари/28. декември 457 - 2/7. август 461)
* [[Либиј Север]] (19. ноември 461 - по 25. септември 465)
* [[Антемиј]] (12 април 467 - 11.  јули 472)
* [[Олибриј]] (април/мај 472 - 22. октомври или 2. ноември 472)
* [[Глицериј]] (3/5 март 473 - јуни 474)