Атентат врз Франц Фердинанд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. февруари + февруари)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јули + јули)
Ред 103:
== Последици ==
 
Австро-Унгарија била крајно револтирана од атентатот, а на своја страна го имала и меѓународното сочувство за смртта на престолонаследникот. Со цел еднаш засекогаш да расчисти со заканата која ја гледале во Србија, и за да ги осигури своите позиции на Балканот, на 23.  јули 1914. ѝ испорачала на Србија ултиматум со барања меѓу кои:
# да ги укине сите публикации кои предизвикуваат омраза кон австриската монархија
# да ја укине Народна Одбрана и други здруженија кои делуваат против интересите на Австро-Унгарија
Ред 113:
# да го спречи преносот на оружје и експлозиви преку границата и да ги распушти и казни српските граничари одговорни за сараевскиот атентат
# да обезбеди објаснение до Австро-Унгарија за изнесените непријателски изјави од високи претставници на српската власт во земјата и во странство
# да ја извести Австро-Унгарија за извршувањето на овие мерки до 5 часот на 25.  јули 1914.
 
Србија не ги прифатила овие барања, туку побарала и добила поддршка од Русија и извршила мобилизација на војската. Истовремено, Австро-Унгарија го потврдила своето сојузништво со Германија и Унгарија, и на 28 јули 1914 ѝ објавила војна на Србија. Ова го означило почетокот на [[Првата светска војна]], во која набрзо се вклучиле и Франција, Русија, Германија и Велика Британија.