Црвен крст и Црвена полумесечина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. февруари + февруари)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јуни + јуни)
Ред 79:
[[Податотека:Jean Henri Dunant.jpg|250px|thumb| [[Анри Динан]], автор на „Сеќавање на Солферино“.]]
 
До средината на 19. век, не постоел организиран и воспоставен систем за нега на ранетите војници и не постоеле безбедни и заштитени установи кои би ги сместувале и лекувале ранетите. Во јуни 1859, швајцарскиот бизнисмен [[Анри Динан]] патувал во Италија за да се сретне со францускиот император [[Наполеон III]] со намера да разговара за тешкотиите во водењето на бизнисот во [[Алжир]], во тоа време окупиран од [[Франција]]. Кога пристигнал до малиот град Солферино, вечерта на 24.  јуни, бил сведок на Битката од Солферино, судир во [[Австро-Сардиниската војна]]. Во еден ден, околу 40.000 војници на двете страни загинале или останале ранети на бојното поле. Анри Динан бил шокиран од страотниот исход на битката, страдањето на ранетите и непостоењето на медицинска грижа за ранетите. Тој целосно ја напуштил првобитната цел на патувањето, и неколку дена се посветил на помагање и лекување на ранетите. Успеал да организира значајно ниво на нега и помош така што го мотивирал локалното население да помогне, без никаква дискриминација. Кога се вратил во [[Женева]], напишал и книга „Сеќавање на Солферино“, и ја објавил во 1862. Испратил копии од книгата на водечки политички и воени личности ширум [[Европа]]. Покрај тоа што ги пренел живите сеќавања од Солферино од 1859, во книгата тој експлицитно се залагал за создавање на национални доброволни организации за помош кои би помагале на ранети во воени судири. Покрај тоа, повикал на развој на меѓународни договори кои би ја гарантирале неутралноста и заштитата на ранетите војници, медицински лица и теренски болници.
 
[[Податотека:Original Geneva Conventions.jpg|250px|thumb|left|Оригиналниот документ на првата Женевска конвенција од 1864.]]