Разлика помеѓу преработките на „Работничко самоуправување“

Нема измена во големината ,  пред 3 години
с
Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јуни + јуни)
с (Bot: Migrating 3 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q627232 (translate me))
с (Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јуни + јуни))
Во комунистичките економии управувањето и планирањето на економијата не се одвивало според пазарни услови и со потполна автономија на економските субјекти, туку напротив, преку централизирано планирање и управување со секој деловен субјект посебно од страна на централната администрација. Ваквиот начин на управување со економијата се покажал како гломазен и неефикасен, особено во постарите комунистички општества, како [[СССР]]. Системот на работничкото самоуправување бил воведен од страна на комунистичкото раковоство на ФНРЈ со цел да се подобри ефикасноста на економијата.
 
На 26.  јуни 1950. година бил донесен Закон за работничко управување, со кој управувањето на деловните субјекти (претпријатијата), а од 1952 и на установите, било пренесено на работничките совети.
 
Замената на административниот со самоуправниот систем се одвивала постапно и во неколку правци: 1) преку воспоставување на органите на работничкото самоуправување, кои постепено преземале се' повеќе функции; 2) преку постепено намалување на функциите на државните органи и укинување на некои од нив и 3) децентрализирање на надлежностите на државните органи, односно пренесување на некои функции од повисоките на пониските државни, републички па и локални органи.