Прва Бундеслига (фудбал): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јануари + јануари)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. мај + мај)
Ред 52:
=== Потекло ===
 
Пред формирањето на Бундес Лига, германскиот фудбал се играл на аматерско ниво во голем број на суб-регионални лиги, се до 1949 година, кога привремено полупрофесионализмот беше воведен и останаа само пет Регионални Премиер Лиги. Регионалните шампиони и тие со освоено второ место играа серија меѓусебни натпревари за правото да се натпреваруваа во финалниот натпревар за националниот шампионат. На 28 јануари 1900 година, националната асоцијација, Германска Фудбалска Федерација беше формирана во Лајпциг со зачленети 86 екипи. Првиот признат национално шампион беше СФК Лајпциг, кој ја порази ГФК Прага со 7-2, натпревар одигран на 31.  мај 1903 година во Алтона.
Во текот на 50-те години од 20-от век, постојано се повикуваше за формирање на централна професионална лига, посебно поради фактот што професионалните првенства во другите држави почнаа да ги собираат најдобрите германски играчи од домашните полупрофесионални првенства. На меѓународно ниво германската игра влезе во криза како што германските тимови лошо поминуваа против професионалните тимови од другите држави. Клучниот поддржувач на концептот за централна лига беше главниот тренер на националниот тим Сеп Хербергер кој изјавил: “Ако сакаме да останеме конкурентски настроени меѓународно, мораме да ги зголемиме нашите очекувања на национално ниво”.
Во меѓувреме, во Источна Германија, посебна лига беше основана заедно со формирањето на Германската Спортска Премиер Лига во 1951 година. Лигата во 1958 година беше преименувана во Фудбалска Премиер Лига и гласеше едноставно како ДДР - Лига или како ДДР - Премиер Лига. Лигата се состоеше од 14 тима со две места за испаѓање.