Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. април + април)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. мај + мај)
Ред 34:
Со реформите на [[Диоклецијан]] започнува периодот на институционализација на заедничкото владеење и неговото поврзување со територијалната поделба на Царството<ref>[http://www.roman-emperors.org/dioclet.htm An Online Encyclopedia of Roman Emperors, Diocletian ( 284-305 A.D.)] Ralph W. Mathisen, University of South Carolina, 1997 ([[англиски јазик|анг.]])</ref>. Во 286 г. [[Диоклецијан]] за свој заеднички владател во ранг на август го поставил својот стар воен другар [[Максимијан]], кој на управување ја добил територијата западно од [[Дрина]] и северноафриканскиот рт [[Сирт]]. Кога заповедникот на римската флота на [[Ламанш]], [[Караусиј]], се одметнал и се прогласил за цар во [[Британија]], [[Диоклецијан]] решил да го прошири царскиот колегиум. Двајцата [[август (титула)|август]]и, во 293 г., добиле заеднички владетели и помошници – [[цезар (титула)|цезар]]и: Диоклецијан го добил [[Галериј]], а Максимијан - [[Констанциј I Хлор]]. Во 296 г. Констанција ја повратил [[Британија]] и со тоа ја прекинал можноста да се повтори историјата на царството на [[Постум]]. Истата година цезарот однел неколку победи против [[Алемани]]те, додека во 297-298 г. [[Максимијан]] ги смирил бунтувањата на племињата на [[Маври]]те во северна [[Африка]].
[[Податотека:Venice – The Tetrarchs 03.jpg|thumb|200px|left|'''Тетрарси''', порфирна група од почетoкот на IV век која денес се наоѓа во [[Венеција]]. Статуата ги претставува деперсонализираните цареви за да го прикаже единството на царскиот колегиум. Воените униформи и рацете на дршките од мечовите ја демонстрираат одлучноста на тетрарсите.]]
[[Диоклецијан]] и [[Максимијан]] доброволно се повлекле од власт на 1.  мај 305 г. и местото август им го препуштиле на дотогашните цезари. Цезар на [[Констанциј]] станал штитеникот на [[Галериј]], [[Север II]] на кого му биле доверени [[Панонија]], [[Италија]] и [[Африка]], додека со остатокот од царството владеел [[Констанциј I Хлор]]. [[Тетрархија|Тетрархискиот]] систем почнал да се руши кога на 25. јули 306 г. Констанциј починал во [[Јорк]], при што насобраната војска, спротивно од плановите на [[Диоклецијан]], за нов цар го избрала синот на Хлор, [[Константин]]. Примерот на [[Константин]] набргу го следел и синот на [[Максимијан]], [[Максенциј]], кој за цар на Рим се прогласил со поддршка на [[Римски сенат|сенатот]] и [[претор (титула)|претор]]ијанците. За разлика од Константин, Максенциј никогаш не бил признат за легитимен цар, но со помош на својот татко, кој се вратил од политичката пензија, успеал да го тргне Север. Накратко, западниот дел од царството бил поделен помеѓу неколку амбициозни владетели. Најпосле, [[Константин Велики]] го ликвидирал таткото на својата сопруга, [[Максимијан]], во 310 г. во битката кај [[Милвискиот мост]], во близина на Рим. Откако на другиот владател кој владеел со него, [[Лициниј]], во 316 г. му ги одзел сите подунавски и [[балкан]]ски територии, освен [[дијацеза]]та [[Тракија]], Константин ретко се враќал на Запад, поминувајќи го времето во подготовки за натамошни походи. Во 324 г. [[Лициниј]] бил отстранет и конечно Константин се наметнал за единствен владател на Римското царство. Трајна царска резиденција подигнал на [[Босфор]]от, на местото на древниот [[Византион]] и го нарекол Нов или Втор Рим. Меѓутоа, уште додека бил жив, новиот град неговите современици почнале да го нарекуваат [[Константинопол]]. Градот бил планиран како раскошна царска резиденција, каква што веќе биле [[Трир]] во [[Германија]] или [[Сирмиум]] (денешна [[Сремска Митровица]]) во [[Подунавје]]то, но веќе во средината на IV век ги добил сте привилегии како и Рим и со тоа de facto станал втора престолнина на царството. Со тоа политичкиот центар на Римското царство бил поместен на побогатиот и понаселен Исток.
 
[[Податотека:Tetrarchy map3.jpg|thumb|340px|Царството во периодот на [[тетрархија]]та]]
Ред 77:
[[Податотека:Stilicho.jpg|thumb|250px|'''Стилихон и неговото семејство''', копија на диптих од слонова коска изработен околу 395 г. чиј оригинал денес се чува во [[Монца]]. [[Стилихон]] е прикажан со симболи на моќта на врховен војсководач, а левата плоча ја прикажува неговата сопруга Серена, братаница на царот [[Теодосиј I|Теодосиј Велики]], и синот Еухериј]]
 
Стилихон со поткуп краткотрајно го решил прашањето за Визиготите, но и неговата хегемонија на дворот била при крај. Од [[Цариград]] стигнала вест дека на 1.  мај 408 г. починал царот Аркадиј и престолот му го оставил на својот малолетен син [[Теодосиј II]]. Стилихон и Хонориј потоа јавно се судриле околу прашањето кој од нив двајца ќе патува во градот на Kонстантин и ќе ги реши тамошните проблеми. На крајот, непријателите на Стилихон ја пуштиле веста дека восјководачот се подготвува да оди на Исток само за да го симне од престолот малиот Теодосиј и да го постави својот син [[Еухериј]] за источноримски цар. Ваквите гласини во [[Павија]] предизвикале бунт на војниците во кој настрадале приврзаниците на Стилихон. Самиот Cтилихон бил обвинет за предавство и бил убиен во [[Равена]] на 22. август 408 г. Неговото убиство предизвикало реакција кај сите оние кои биле антиварсварски расположени, така што биле убиени семејствата на околу 13.000 готски војници во [[Италија]]. Овие ветерани на [[Радaгајст]], кои биле во служба на Рим во 406 г., сега му се придружиле на [[Аларих]].
 
Откако ги преминал [[Алпи]]те, готскиот крал во 408 г. го опседнал Рим и го натерал Сенатот да му плати огромна откупнина. Сенаторите побарале од царот, кој бил заштитен со ѕидините и мочуриштата на [[Равена]], да попушти и да склучи поволен договор со Аларих. Исто така, и кралот бил подготвен на компромис и побарал Готите да се населат на тлото на провинцијата [[Норик]] и да се снабдуваат со годишното количество жито што ќе го одреди Хонориј. И овојпат царот останал неумолив и во 409 г. Аларих повторно го опседнал Рим, и за уште посилно да го уцени Хонориј, средил градскиот перфект [[Атал Приск]] да биде прогласен за август. Бидејќи на Хонориј верна му останала пребогатата дијацеза Африка, Аларих во јули 410 г. го симнал од престолот [[Атал]] и започнал нови преговори. На местото на договрениот состанок, на околу 12 км од Равена, визиготскиот крал и неговата придружба ги нападнал римски одред под команда на готскиот заповедник [[Сар]], инаку стар непријател на Аларих. Аларих побеснел и ги повел своите луѓе кон Рим, каде на 24. август 410 г. на Визиготите им биле отворени градските порти. Следувал тридневен грабеж на Рим, која ги згрозила учените провинцијалци, како што биле [[Аврелиј Августин]] и [[Јероним]], но всушност тој грабеж не бил разорен. Како поддржувач на аријанското христијанство, Aларих плански ги поштедил римските цркви и обезбедил придружба за христијанското свештеништво. Немало убивање, но Готите ја запалиле зградата на Сенатот. Натоварени со пленот и водејќи угледни заробеници, меѓу кои била и полусестрата на [[Хонориј]], [[Гала Плацидија]], Визиготите тргнале кон југот на Италија. Аларих сакал оттаму да го пренесе својот народ во сигурноста на северна Африка, но бура ги уништила подготвените бродови. Наскоро, како последица на замор, Аларих умрел, а нов крал на [[Визиготи]]те станал неговиот шура [[Атаулф]].
Ред 119:
Во моментот на смртта на Атила, западноримскиот двор веќе не ја контролирал Британија, околу две третини од [[Хиспанија]], која во тоа време ја зазеле [[Свеви]]те, делови од [[Галија]], која ја контролирале Визиготите и Бургундите, и северна Африка во која завладеале Вандалите и Аланите. Атила го наследиле трите синови и наскоро хунската превласт ја отфрлиле [[Гепиди]]те. Според [[Јорданес]], историчар од VI век, по поразот во битката на неидентификуваната река [[Недау]], Хуните се повлекле од средното [[Подунавје]]. Наследниците на Атила и понатаму повремено го загрозувале римското Подунавје, но сега биле во постојан судир со претходно потчинетите варварски народи. Исчезнувањето на варварската империја во средна Европа повторно го започнало процесот на понатамошни преселби, делумно и во правец на римските територии.
 
Исчезнувањето на моќниот непријател и чест сојузник, влијаело и на промената на среќата на Аециј. Под влијание на сенаторот [[Петрониј Максим]], на 21. или 22. септември 454 г. [[Валентинијан III]] лично го убил [[Аециј]]. Во очите на царот, без притисокот на Хуните, Аециј веќе не бил неопходен. Атентатот само предизвикал нов круг на борби за власт во Рим во текот на кои двајца телохранители на Аециј го убиле царот Валентинијан на 16 март 455 г. Со тоа на Западот исчезнала легитимната династија на Теодосиј и сенаторот [[Петрониј Максим]] го наследил престолот еден ден по убиството на царот. Новиот цар веднаш го испратил [[Авит]] во [[Галија]] да побара воена помош од визиготскиот крал [[Теодорик II]]. Тоа била потполна негација на политиката на Констанциј и Аециј за постојан притисок врз Визиготите, како потенцијално најголема опасност по западното царство. Така, Визиготите биле промовирани во главни царски сојузници и во извор на воена моќ. Втората грешка што ја направил Петрониј Максим била тоа што насилно се оженил со вдовицата на Валентинијан, а нејзината ќерка [[Евдокија]] ја оженил за својот син. Бидејќи Евдокија веќе била свршена со вандалскиот принц [[Хунерих]], неговиот татко [[Гејсерих]] собрал голема флота и најавил дек доаѓа во Рим за да ја исправи навредата за нарушената чест на неговото семејство. На веста дека доаѓаат Вандалите, Петрониј Максим се обидел да побегне од Рим, но на излезот од градот, на 31.  мај, по само два ипол месеца владеење, со камења го убил разбеснетиот народ. Пред [[Гејсерих]], кој истиот ден се истоварил на вливот на Тибар, повторно излегол папата [[Лав I]] и го замолил вравраскиот крал да го поштеди градот од разорување и убивање и да се задоволи со грабеж. Градските порти на рим им биле отворени на Вандалите на 2. јуни и [[Вечниот град]] бил под тринеделен грабеж. Гејсерих со себе во [[Картагина]] ја повел царицата [[Евдоксија]] и нејзините две ќерки, од кои Евдокија подоцна била омажена за Хунерих. Неговите војници со себе однеле богат плен, пред се злато, сребро и бронза, кои можеле да се најдат во Рим. Терминот вандализам, кој обично се поврзува со грабежот на Гејсерих во Рим, се појавил дури во 1794 г. во францускиот јазик.
 
[[Податотека:Solidus Petronius Maximus-RIC 2201.jpg|thumb|300px|'''Златник на [[Петрониј Максимус]]''': царот кој малку владеел е прикажан на реверсот во победнички став кој повеќе ја претставува вообичаената царска иконографија, отколку реалноста.]]
Ред 195:
 
=== Нединастиски владетели ===
* [[Петрониј Максим]] (17 март - 22.  мај 455)
* [[Авит]] (9/10. јули 455 - 17/18. октомври 456)
* [[Мајоријан]] (18 февруари/28. декември 457 - 2/7. август 461)
Ред 202:
* [[Олибриј]] (април/мај 472 - 22. октомври или 2. ноември 472)
* [[Глицериј]] (3/5 март 473 - јуни 474)
* [[Јулиј Непот]] (19/24. јуни 474 - 28. август 475, потоа само во Далмација до 25 април/9.  мај/22. јуни 480)
* [[Ромул Августул]] (31. октомври 475 - 4. септември 476.)