Театарски роман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. април + април)
Ред 25:
Во предговорот, авторот раскажува дека записките ги добил во еден [[пролет]]ен ден, кога во [[Киев]] извршил [[самоубиство]] нивниот автор, Сергеј Леонтиевич Максудов. Притоа, Максудов му ги испратил своите записи на својот единствен пријател кој, според желбата на покојникот, требало да ги поправи, да ги потпише и да ги издаде.
 
На [[29.  април]], Максудов добил писмо од Ксавериј Илчин, [[режисер]] во Независниот театар, кој молел за средба со него. Кога возбудениот Максудов пристигнал во канцеларијата на Илчин, тој му кажал дека го прочитал неговиот роман. Максудов работел како уредник во списанието „Бродарство“ и по еден кошмарен [[сон]], започнал да пишува роман. Кога го завршил, Максудов повикал повеќемина познаници и им го прочитал романот, но тие дале негативна оцена за него, тврдејќи дека тој никогаш нема да биде објавен. Максудов се обидел да го објави романот, но по неколку неуспешни обиди, го украл [[револвер]]от од својот пријател и решил да изврши самоубиство. Меѓутоа, кога мислел да се убие, во неговиот стан дошол Илја Иванович Рудолфи, уредник на литературното списание „Родина“, кој му ветил дека ќе го објави романот.
 
Максудов му го вратил револверот на својот пријател и потпишал договор за издавање на романот, добивајќи и одредена сума [[пари]]. Потоа, Максудов влегол во кругот на [[писател]]ите, но потполно се разочарал од средбата со нив. Во меѓувреме, Рудолфи отпатувал во [[Америка]] и така, романот на Максудов воопшто не допрел до публиката. Максудов повторно се вратил на работа во списанието „Бродарство“, но решил да продолжи со пишувањето. За таа цел, тој ги набавил делата на сите познати современи писатели, а потоа почнал да пишува театарска пиеса. Тогаш, на крајот на [[април]] пристигнало писмото на Илчин.