Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. март + март)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. април + април)
Ред 125:
Кога вестите за пропаста на Петрониј Максим пристигнале во Галија, Авит се прогласил за цар на дворот на Теодорик во [[Бордо]]. Галските сенатори во [[Арл]], на 9. јули 455 г., го прифатиле [[Авит]] за цар и тој после тоа триумфално тргнал кон Италија, со друштво на визиготските војници. Во страв од Визиготите, двајата највлијателни војсководачи во Италија, [[Мајоријан]] и [[Рицимер]], го прифатиле избраниот варварски крал, а [[Теодорик II]] успеал и во она што не им пошло од рака ниту на Aларих, ниту на Атаулф. Од друга страна, сега Теодорик добил одврзани раце да војува против Свевите во Хиспанија. Визиготите тешко го опустошиле Пиринејскиот Полуостров и ги потиснале Свевите кон северозападот на Хиспанија. Со тоа Теодорик ја проширил својата влст на западниот дел на Хиспанија. Слично направиле и Бургундите кои ја зазеле долината на [[Рона]] се до [[Лион]], а Гејсерих ја освоил [[Мавританија]], [[Нумидија]] и [[Триполитанија]], како и [[Корзика]], [[Балеарските острови]] и [[Сицилија]]. Авит, кој во Италија бил прикажан како штитеник на Визиготите, не бил признат за цар од страна на источноримскиот двор. Додека Теодорик војувал по Хиспанија, Авит бил убиен во средината на 456 г.
 
[[Рицимер]], кој по татко бил Свев, а по мајка внук на визиготскиот крал [[Валиј]], сега врховен командант на западноримската војска (magister militum), го поддржал својот римски колега [[Мајоријан]], кој на 1.  април 457 г., бил прогласен за цар, по подолг период во текот на кој источноримскиот цар [[Лав I]] форлмално бил владетел на обединетото царство. Овојпат, византискиот цар го признал [[Мајоријан]] за совладетел и признавањето го обележал така што Мајоријан, на 28. декември, бил прогласен за цар по втор пат. Изгледа дека главната цел на владеењето на Мајоријан била да ја преземе Африка од Вандалите и заради тоа се обидел да ја обнови римскта власт во јужна Галија и Хиспанија, од каде сакал да тргне во поход против Вандалите. Иако Мајоријан ги натерал Визиготите и Бургундите да попуштат и повторно ги присилил да ги почитуваат сојузничките односи, неговите планови за поход на Африка не се оствариле. Командантот на римската војска во [[Илирик]], [[Марцелин]], летото 461 г. ги избркал Вандалите од [[Сицилија]], а римската флота од околу 300 бродови била разместена по пристаништата на Хиспанија, од [[Нова Картагина]] (денес [[Картагина]]) до [[Илик]] (денес [[Елче]]). Итриот [[Гејсерих]] сепак насетил од кој правец е планиран главниот напад и вандалската флота ги нападнала и ги запалила римските бродови пред да испловат кон Африка. Поразен пред вистинската битка, [[Мајоријан]] тргнал назад во Италија, но на 2. август, на патот бил уапсен од страна на поддржувачите на [[Рицимер]] и бил лишен од царските инсигнии. Мајоријан ја изгуфил поддршката на сенаторите ккои се обидел да ги оданочи за да стекне повеќе средства за своите воени планови. Рицимер го симнал од престолот, токму кога Мајоријан ги распуштил галските одреди, и го убил пет дена подоцна.
 
=== Конечното паѓање ===
Ред 132:
[[Податотека:As Libius Severus-Ricimer MonogramRIC 2716.jpg|thumb|left|300px|'''Монети на [[Либиј Север]] со монограмот на [[Рицимер]]''': спротивно на обичаите, монограмот на врховниот командант на војската, Рицимер (RCM), го краси реверсот на парите и укажува на вистинскиот владетел со царството.]]
 
Дури на 12.  април 467 г. за цар бил прогласен источноримскиот војсководач [[Антемиј]], зет на [[Маркијан]] и некогашен противкандидат на Лав. Набргу Антемиј стигнал во Италија во придружба на илирските одреди на [[Маркијан]]. Рицимер станал зет на [[Антемиј]] и ја испразнил ризиницата на источноримскиот двор, вложувајќи 103.000 фунти злато (околу 46 тони) за да го исфинансира походот над Вандалите. Во јуни 468 г. флота од 1.100 бродови со околу 30.000 војници испловила од Цариград по команда на шурата на Лав, [[Василиск]]. Во исто време, [[Маркијан]] и неговите одреди од [[Илирик]] повторно ја зазеле [[Сицилија]], а потоа и [[Сардинија]]. Севкупно, римската војска можела да брои околу 50.000 вооружени луѓе. Веројатно планот на Василиск бил да го заземе градот [[Утика]] и оттаму да тргне во напад по копно на вандалската престолнина [[Картагина]]. Римската флота се укотвила кај ртот [[Бон (рт)|Бон]], но токму како и во 461 г., Гејсерих стапил во акција пред Василсик да има шанса да го оствари својот план. Вандалите, користејќи го поволниот ветар што дувал од североисток, запалиле неколку бродови кои потоа ги испратиле во правец на римската армија. Според описот на [[Прокопиј]], ексепдицијата ја зафатила вистинска катастрофа, голем број бродови биле зафатени од огнот, дел од војниците и морнарите се удавиле, а еден дел биле зарабени. Василиск побегнал назад во Цариград и се измолил за прошка благодарејќи на својата сестра, царицата [[Верина]]. Источноримската ризница била потполно исцрпена и со својата економска и штедлива политика ја опоравил и наполнил дури царот [[Анасатасиј I]], во почетокот на VI век.
 
Неуспехот на римскиот поход над Вандалите од 468 г. денес се смета за настан кој конечно ја запечатил судбината на Западното Римско царство. [[Антемиј]] сега владеел само со Италија и Сицилија директно, додека царската власт ја признавала и северна Галија, која била под управа на синот на [[Егидиј]], [[Сиагриј]]. Некаде околу 460 г. римската власт постепено престанала да се чувствува и во провинцијата [[Норик]], меѓу [[Алпи]]те и [[Дунав]]. Според [[Житието на Свети Северин]], кое монахот [[Евгипиј]] го составил во 510 г., кога парите од царската ризница престанале да пристигнуваат, римската војска во Норик почнала постепено да се намалува. Така, професионалните војници станале земјоделци и занаетчии кои се уште жилаво ги бранеле своите населби од грабежите на варварите. Некои градови пак, со текот на времето ја прифатиле власта и заштитата на кралот [[Ругијац]], но други биле постојана мета на напади на [[Алемани]]те, [[Херули]]те и [[Остроготи]]те. Според зборовите на [[хагиографи]]те, до смртта на Северин во 482 г. само ретки римски градови опстанале, додека локалните Романи често биле преселувани во склад со потребите на варварските племиња. Веројатно ситуацијата во Норик може да се примени како илустрација за случувањата во другите делови на римскиот запад. Како и да е, Антемиј веќе не бил во можност да ги брани римските територии северно од Алпите. Братот на Теодорик, [[Еурих]], ја искористил пропаста на походот на Африка и веќе во 469 г. ја проширил власта на Визиготите се до реката [[Лоара]] на север. Големите градови како [[Арл]] и [[Марсеј]] се уште биле надвор од дофатот на варварите, но Еурих ги опседнувал скоро секоја година. До 473 г. Визиготите го зазеле и средоземниот брег на Хиспанија. Последниот обид на Антемиј да организира поход на Визиготите завршил со пораз во 471 г. После тоа, Рицимер и дефинитивно се свртел против антемиј, го опседнал во Рим и на крајот го погубил на 11. јули 472 г.
Ред 199:
* [[Мајоријан]] (18 февруари/28. декември 457 - 2/7. август 461)
* [[Либиј Север]] (19. ноември 461 - по 25. септември 465)
* [[Антемиј]] (12.  април 467 - 11. јули 472)
* [[Олибриј]] (април/мај 472 - 22. октомври или 2. ноември 472)
* [[Глицериј]] (3/5 март 473 - јуни 474)
* [[Јулиј Непот]] (19/24. јуни 474 - 28. август 475, потоа само во Далмација до 25.  април/9. мај/22. јуни 480)
* [[Ромул Августул]] (31. октомври 475 - 4. септември 476.)