Црвен крст и Црвена полумесечина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. февруари + февруари)
Ред 83:
[[Податотека:Original Geneva Conventions.jpg|250px|thumb|left|Оригиналниот документ на првата Женевска конвенција од 1864.]]
 
На 9.  февруари 1863 во Женева, Анри Динан го основал „Петчлениот комитет“ (заедно со 4 други водечки личности од видни семејства од Женева), како анкетна комисија на Женевското здружение за јавна благосостојба. Нивната цел била да се испита изводливоста на идеите на Дунан и да се организира меѓународна конференција за нивно спроведување. Веќе на 26-29 октомври 1863, била свикана меѓународна конференција на која присуствувале претставници од 18 држави, 6 делегати од невладини организации, 7 странски неофицијални делегати и петте ченови на комитетот на Анри Динан.
 
Една година подоцна, владата на [[Швајцарија]] ги поканила владите на сите Европски земји, како и [[САД]], [[Бразил]] и [[Мексико]] да присуствуваат на официјалната дипломатска конференција. 16 земји испратиле вкупно 26 делегати. На 22. август 1864, Конференцијата ја усвоила првата [[Женевска конвенција]] „за подобрување на состојбата на ранетите од војските на бојното поле“. Претставници на 12 земји ја потпишале конвенцијата: Баден, Белгија, Виртемберг, Данска, Италија, Португалија, Прусија, Франција, Хесе, Холандија, Швајцарија, Шпанија. Конвенцијата соджела 10 члена, за прв пат воспоставувајќи законска обврска за гарантирање на неутралноста и заштитата на ранетите војници, теренскиот медицински персонал и конкретни хуманитарни институции во вооружен конфликт.