Виктор Иго: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. февруари + февруари)
Ред 29:
Младиот Иго се вљубил и бил во врска со Адел Фуше, другарка од детството, и покрај противењето на мајка му. Поради почит кон мајка му, Виктор ја земал Адел дури по смртта на Софи во 1822. Првото дете на Виктор и Адел, Леополд, починало како доенче во 1823. Следната година се родила Леополдина, а потоа следеле Шарл на 4 ноември 1826, Франсоа-Виктор на 28 октомври 1828, и Адел на 4 август 1830. Љубовта кон ќерките Иго ја опеал во повеќе песни, меѓу кои ''Моите две ќерки''.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 4.</ref>
 
На 15 февруари 1843 се венчала најстарата и омилена ќерка на Иго, Леополдина, настан што Иго го опеал во песната ''15.  февруари 1843''.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 27.</ref> Леополдина починала на 19 години во 1843, кратко по венчавката со Шарл Вакери. На 4 септември 1843 се удавила во [[Сена]] паѓајќи од брод. Поради тешката облека брзо потонала, а заедно со неа починал и сопругот обидувајќи се да ја спаси. Иго во тоа време бил на југот на Франција со љубовницата, а за смртта на ќерката прочитал во весник и бил многу потресен.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 33, 37-42 и 89.</ref> Поемата ''Во Вилкје'' ја посветил на починатата ќерка.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 37-42.</ref> Целиот свој живот Иго ги посетувал гробовите на неговата мајка и на ќерка му, тагувајќи по нив. Една негова песна од 11 јули 1846, е напишана по враќање од гробишта.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 33.</ref> Подоцна, Иго накратко го опишал својот живот во песните ''Напишано во 1846'',<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 76-78.</ref> и ''Напишано во 1855'', во кои одговара на писмото на еден маркиз од 1846 година.<ref>Kolja Mićević, „Pogovor“, во: Viktor Igo, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 79-80.</ref>
 
===Прогонство и смрт===