Римски конзул: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-== Видете исто така == +== Поврзано ==)
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јануари + јануари)
Ред 4:
Законот на [[Лициниј]] од 367 год. п.н.е.<ref>[http://www.unrv.com/government/consuls.php Roman Consuls, UNRV History] ([[англиски јазик|анг.]])</ref>, што бил потврден [[плебисцит|плебисцитарно]] во 312 год. п.н.е., предвидувал еден од конзулите да може да биде претставник на [[плебејци|плебсот]], а во 172 год. п.н.е., по првпат, и двајцата конзули биле [[плебејци]].
 
Обично конзулите стапувале на должност на 15. март, а од 153 год. п.н.е. на 1.  јануари, и според нив била нарекувана годината. Во периодот на [[Римска република|Републиката]] воените привилегии го сочинувале главниот дел од конзуларната власт (imperium consulare). Во војна го делеле командувањето над војската на два посебни фронта, но можеле да дејствуваат и заедно - во тој случај се менувале во командувањето. Во почетокот дури можеле да склопуваат и сојузи и договори, но подоцна морале да бидат ограничени само на воените уредби, а ако сепак имале некаква политичка улога, таа била само со прелиминарен карактер, сè додека [[Римски Сенат|Сенатот]] не ги одобри.
 
Своите воени должности конзулите не можеле да ги извршуваат во [[Рим]], а од периодот на [[Корнелиј Сула]] ниту во [[Италија]], со исклучок на воените обврска и својот [[римски триумф|триумф]]. Сепак, во исклучителни случаи должностите можеле да ги извршуваат и во Италија, a надвор од Рим можеле да добијат неограничени овластувања. Во почетокот конзулите ги избирале и воените трибуни, а подоцна тоа поминало кај ''комициските собранија'', а на конзулите им останал само изборот на [[центурион]]и и [[декурион]]и. По истекот на рокот, конзулот, по одлука на Сенатот, можел да остане уште една година на чело на една или повеќе провинции, носејќи ја титулата [[проконзул]].