Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Западно римско царство на Западно Римско Царство
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. јануари + јануари)
Ред 61:
 
Без поддршката на Сенатот, а наскоро и на војската, [[Грацијан]] бил убиен во 383 г. во судирот со [[Магн Максим]], командантот на британските легии. После тоа, војсководачот на Валентијан, [[Баутон]], кој имал [[франки|франачко]] потекло, успеал да ги блокира [[Алпи|алпските]] превои и новата узурпација била разрешена со дипломатија. [[Магн Максим]] бил признат како западен [[август (титула)|август]], чија власт ја признале [[Британија]], [[Галија]], [[Хиспанија]] и [[Африка]]. Кога во 387 г. западниот август го прекршил договорот и ја нападнал [[Италија]], младиот Валентијан и неговата мајка побегнале кај Теодосиј во [[Солун]]. По низа тешки борби на [[Балкан]]от, Теодосиј, со помош на готските одреди, успеал во 388 г. кај [[Аквилеја]] да го порази и да го погуби [[Магн Максим]]. Потоа Теодосиј се задржал на Запад се до 391 г. до кога поважните позиции им ги препуштил на своите луѓе. Неговата посета на Запад била значајна од повеќе причини. Првата била таа што се покажало дека во царскиот колегиум источноримскиот владател е посилен партнер, кој својот избор за совладател може да му го наметне на Западното царство. Вториот аспект било јавното покајание, откако [[Амброзиј Милански]] го екскомуницирал Теодосиј, низ што царот поминувал со месеци за да се искупи за колежот на околу 7000 бунтовници од [[Солун]]. И најпосле, Амброзиј влијаел во 391 г. царот да издаде низа [[декрет]]и кои биле насочени против паганството. Паганството воопшто не било потполно задушено со овие закони, но бројни традиционални обичаи биле укинати. На пример, бил распуштен колегиумот на [[весталки]]те и изгасен е вечниот оган на [[Веста]], претскажувањето на иднината по пат на ауспициј станало казниво, а најпосле, во 393 г. биле укинати древните [[Олимписки игри]]. Јавното потчинување на Теодосиј на епископот Амброзиј и низата антипагански мерки го означиле крајот на паганството.
Теодосиј се вратил на исток и го оставил франкот [[Арбогаст]] како врховен воен заповедник на Западот (magister militum). Во рацете на Арбогаст се наоѓала сета власт и младиот Валентинијан во неколку наврати му се пожалил на Теодосиј за неговото владеење. Најпосле, официјално на 15, мај 392 г. Валентинијан извршил самоубиство, но во [[Константинопол]] почнале сомневањата дека Арбогаст го убил царот. Веќе на 22. август 392 г. за западноримски цар е прогласен [[Евгениј]] кој, иако номинално бил христијанин, им пружил поддршка на паганите. Теодосиј одбил да го признае Евгениј за нов цар, туку својот деветгодишен син [[Хонориј]] го прогласил за август на Западот на 23.  јануари 393 г. Прогласувањето на Хонориј било исто што и објавување војна и Теодосиј започнал нов поход на Запад и на 6. септември 394 г. ги поразил [[Евгениј]] и [[Арбогаст]] во битката на [[Фригид]]. (денешна граница меѓу [[Италија]] и [[Словенија]]), со што повторно, слично на Константин, го обединил Римското царство под своја власт.
 
== Слабеење ==
=== Две царства ===
[[Теодосиј I|Теодосиј Велики]] неочекувано починал во [[Милано]] на 17.  јануари 395 г. Сепак, [[Хонориј]] веќе бил произведен во август на Западот, токму како и неговиот постар брат [[Аркадиј]], кој бил август на Истокот уште од 383 г. Смртта на Теодосиј во 395 г. обично се смета за пресвртна и дефинтивна година за поделба на единственото Римско царство на Западно и Источно (Византиско) царство. Меѓутоа, во теорија, Царството и понатаму било единствено и неделливо, а замислената граница требало да се движи, во [[Европа]] по реката [[Дрина]], а во северна [[Африка]] до врвот [[Сирт]]. Западно од оваа линија владеел [[Хонориј]], а источно – [[Аркадиј]].
 
[[Податотека:Theodosius I's empire.png|thumb|left|290px|'''Поделба на Римското царство во 395 година''' по смртта на [[Теодосиј I]]. Со бели линии се означени границите на денешните држави.