Иван Бунин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Раскази: ситна поправка
→‎Творештво: дополнување
Ред 8:
==Творештво==
Бунин пишувал поезија и проза, а поркај тоа, преведувал дела од англиски и од [[полски јазик]]. Во 1891 година во [[Орел (град)|Орел]], [[Русија]], тој ја објавил првата збирка [[поезија]], а во 1897 година - првата книга раскази. Иако во тој период соработувал со [[Максим Горки]], тоа не резултирало во никакви социјални тенденции во неговото творештво. Бунин останал надвор од модерните текови, продолжувајќи ја руската класична [[Реализам|реалистичка]] традиција на [[Александар Тургенев]], [[Иван Гончаров]] и [[Лев Толстој]]. Неговите дела се одликуваат со оригинален стил и со изразита творечка идивидуалност. Во 1933 година, тој ја добил Нобеловата награда за книжевност, како прв руски писател кому му било доделено ова признание.
 
Покрај расказите и поезијата, Бунин е автор и на [[Автобиографија|автобиографскиот]] [[роман]] „[[Животот на Арсенев]]“ (1930), како и на бројни публицистички и мемоарско-памфлетски текстови.
 
Подеднакво пластична и изворна, како во пејзажот, така и во дијалогот и во развојот на општата атмосфера на делата, Буниновата уметност си поставувала самата на себе строги барања. Така, во подоцнежната фаза од животот, Бунин неуморно ги поправал своите претходно објавени дела, правел нови верзии и отфрлал некои делови од нив, тежнеејќи кон постојано усовршување на творечките способности.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 137.</ref>