Иван Бунин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Раскази: дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 7:
==Творештво==
Бунин пишувал поезија и проза, а поркај тоа, преведувал дела од англиски и од [[полски јазик]]. Во 1891 година во [[Орел (град)|Орел]], [[Русија]], тој ја објавил првата збирка [[поезија]], а во 1897 година - првата книга раскази. Иако во тој период соработувал со [[Максим Горки]], тоа не резултирало во никакви социјални тенденции во неговото творештво. Бунин останал надвор од модерните текови, продолжувајќи ја руската класична [[Реализам|реалистичка]] традиција на [[Александар Тургенев]], [[Иван Гончаров]] и [[Лев Толстој]]. Неговите дела се одликуваат со оригинален стил и со изразита творечка идивидуалност. Во 1933 година, Бунинтој ја добил Нобеловата награда за книжевност, како прв руски писател кому му било доделено ова признание.
 
Подеднакво пластична и изворна, како во пејзажот, така и во дијалогот и во развојот на општата атмосфера на делата, Буниновата уметност си поставувала самата на себе строги барања. Така, во подоцнежната фаза од животот, Бунин неуморно ги поправал своите претходно објавени дела, правел нови верзии и отфрлал некои делови од нив, тежнеејќи кон постојано усовршување на творечките способности.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 137.</ref>
 
===Раскази===
Како прозаист, Бунин дебитирал во 1982 година, со расказ објавен во едно списание во [[Петроград]]. Некои писатели, како [[Максим Горки|Горки]], уште тогаш ја истакнувале книжевната дарба на Бунин, но некои критичари го сметале за второстепен писател.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 133.</ref> Така, почетокот на [[20 век]], во една прилика, Горки рекол: „Не сфаќам зошто Бунин не сака да го наостри својот талент, којшто е убав како матирано [[сребро]], да го претвори во нож, па да забоде каде што треба...“.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 134.</ref> Дури и подоцна, по емигрирањео на Бунин, Горки постојано нагласувал дека Бунин е ненадмашен стилист, иако Бунин напишал серија текстови во кои го критикувал Горки.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 136.</ref>
 
Во своите раскази, Бунин дал силна и потресна слика на руското село од почетокот на 20 век, осветлувајќи низа судбини што копнеат за поинаква, поубава и правична реалност. Притоа, во неговата проза се прикажани и односите што често го носат печатот на бесмисленоста, тагата и изневерената надеж. Исто така, во повеќе негови раскази, тој со иронија го споменува своето благородничко потекло. На пример, во расказот „Суводол“ (1911), со голема пластичност, тој дава еден вид уметничко „опело“ на благородничката класа која незапирливо исчезнувала од историската сцена. Истата тема, Бунин ја обработува и во неколку други кратки раскази: „Село“ (1910), „Последниот состанок“ (1912) и „Последниот ден“ (1913), во кои е насликана суровата, горка атмосфера на безнадежноста и на конечната разделба со нешто што било славно во минатото. Но, покрај благородниците, во расказите на Бунин и селаните се лишени од каква и да било иднина, осудени на вечна беда и заостанатост. Неговите селски ликови најчесто се мрачни и тажни, а зад нив се случуваат бројни потресни драми. Притоа, случајните и споредни излети во [[Натурализам|натурализмот]] не го намалуваат високото ниво на прозата на Бунин. <ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 134-135.</ref>
 
Понатаму, [[природа]]та (особено пејзажите од централниот дел на [[Русија]]) се јавува како честа тема во творештвото на Бунин при што тој се истакнува со својата способност да го разбере говорот на природата. Во неговите дела, природата и човекот често имаат да си кажат многу нешта, иако природата е претставена како посреќна и поведра од човекот.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 138.</ref>
 
Многу од расказите на Бунин се во знакот на преокупацијата со темата на љубовта, која најчесто е оптоварена со сомневање, грубо изневерена или погребана од нечија грубост и самоволие. Во неговите раскази, љубовта најчесто носи тага, зашто во нив на оние кои љубат среќата им е непристапна. На пример, загриженоста и чувството на загрозеност постојано ја растргнуваат селската девојка Парашка во расказот „Крај друмот“ (1933), а во „Гавран“ (1944) е застапен мотивот на соперништво меѓу таткото и синот. На темата на несреќната љубов се надоврзува и темата на непотребниот човек кој страда од осаменост дури и тогаш кога е вљубен. Меѓусебното вкрстување на овие две теми на најдобар начин е присутно во еден од најпознатите негови дела, расказот „Љубовта на Митја“ (1925), првобитно објавен во [[Париз]], а набргу препечатен и во [[Ленинград]].<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 138-139.</ref>
 
Бунин обработувал и современи, неруски теми. Во обемната монографија „Бунин“, советскиот книжевен критичар Лав Никулин истакнува дека честите патувања на Бунин во голема мера го прошириле тематското подрачје на неговите дела. На пример, тој петпати го посетил островот [[Капри]] каде се случува дејството во расказот „Господинот од Сан Франциско“ (1915). Исто така, тогашната состојба во [[Цејлон]] е целосно насликана во расказот „Браќа“ (1914). „Господинот од Сан Франциско“ е еден од најважните дела на Бунин, чија особена убавина се состои во тоа што писателот применува привиден објективизам во раскажувањето. Тој се крие зад настаните и само понекогаш зборува „во свое име“, но во секоја секвенца од расказот се среќава остра осуда на духовната беда на богатите и на нивната суета. Расказот „Браќа“ зазема посебно место во творештвото на Бунин, зашто во него тој отстапува од својата вообичаена раскажувачка постапка којашто се одликува со надворешна воздржаност. Во расказот, со самата фабула и со забележливата гневна интонација, авторот посредно ја искажува болката од трагичното жртвување на „обоените“ луѓе во колонијалниот свет.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 137-138.</ref>
 
Бунин обработувал и современи, неруски теми, како што се: расказот „Господинот од Сан Франциско“ (1915), [[новела]]та „Љубовта на Матија“ (1925), за да им се врати на мемоарите во [[Автобиографија|автобиографскиот]] [[роман]] „Животот на Арсенев“ (1930).
 
===Поезија===