Иван Бунин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
→‎Раскази: дополнување
Ред 10:
 
===Раскази===
Како прозаист, Бунин дебитирал во 1982 година, со расказ објавен во едно списание во [[Петроград]]. Некои писатели, како [[Максим Горки|Горки]], уште тогаш ја истакнувале книжевната дарба на Бунин, но некои критичари го сметале за второстепен писател.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 133.</ref> Така, почетокот на [[20 век]], во една прилика, Горки рекол: „„Не сфаќам зошто Бунин не сака да го наостри својот талент, којшто е убав како матирано [[сребро]], да го претвори во нож, па да забоде каде што треба...“.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 134.</ref>
 
Во своите раскази, Бунин дал силна и потресна слика на руското село од почетокот на 20 век, осветлувајќи низа судбини што копнеат за поинаква, поубава и правична реалност. Притоа, во неговата проза се прикажани и односите што често го носат печатот на бесмисленоста, тагата и изневерената надеж. Исто така, во повеќе негови раскази, тој со иронија го споменува своето благородничко потекло. На пример, во расказот „Суводол“ (1911), со голема пластичност, тој дава еден вид уметничко „опело“ на благородничката класа која незапирливо исчезнувала од историската сцена. Истата тема, Бунин ја обработува и во двата кратки раскази: „Последниот состанок“ (1912) и „Последниот ден“ (1913), во кои е насликана суровата, горка атмосфера на безнадежноста и на конечната разделба со нешто што било славно во минатото. Но, покрај благородниците, во расказите на Бунин, и селаните се лишени од каква и да било иднина, осудени на вечна беда и заостанатост.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 134-135.</ref>
 
===Поезија===