Африка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
rv
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 164:
Екваторските шуми кон север и кон југ постепено се проретчуваат и преминуваат во предели со густи треви вискои 1-3м, познати под името савани. Саваните, одејќи кон север, односно југ, постепено се менуваат, така што се карактеризираат со ниски треви и боцкави растенија и грмушки, односно макии најчесто од акации, скудни треви и полупустини. Ваквите предели се познати како степи. Степите во продожение се менуваат во полупустини во кои се среќава значително поскудна вегетација, така што преминуваат во пулупустини и пустини, главно без вегетација или со ректи растенија, како што се кактусите.
Во пустините се среќаваат оази, во кои има бујна вегетација, додека во другите делови периодично се појавува скудна вегетација за време на дождови. Во оазите најчесто има палми, а некаде се одгледуваат земјоделски култури.
Животинскиот свет во Африка е мошне разновиден. Во тропските предели се среќаваат слонови, носорози и мајмуни. Во саваните и во степите најзастапени се тревопасните животни: жирафа, антилопа, газела, бивол и др. а од ѕверовите се среќаваат: лав, гепард, леопард, хиена, африканското диво куче пума тигар и др.
Во водните средини се среќаваат нилски коњи, крокодили и др. влечуги и инсекти. Карактеристични се мувата цеце, која ја предизвикува болеста спиење, и маларичниот комарец, кој ја предизвикува болеста маларија.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Африка