Бруто-домашен производ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 54:
Фактичкиот БДП ги покажува само краткорочните варирања, флуктации на БДП од година во година. [[Потенцијалeн БДП|Потенцијалниот БДП]] е показател за долгорочната тенденција на бруто домашниот производ, т.е. ги покажува вистинските производни можности во земјата. Кога економијата функционира на нивото на својот потенцијален БДП, тоа значи дека сите расположливи ресурси на земјата ефикасно се користат. Тогаш, сите фактори на производство се високоангажирани и се остварува оптимално вкупно производство. Затоа, потенцијалниот БДП често се нарекува и бруто домашен производ на ниво на полна вработеност. Потенцијалниот БДП не е максимален производ, туку се сведува на максимално одржлив производ, максимален обем на производство што една економија може да го осигура без да се наруши [[ценовна стабилност|ценовната стабилност]], без да се предизвика инфлација.
 
Фактичкиот БДП постојано флуктуира, над и под потенцијалниот БДП. Разликата помеѓу фактичкиот и потенцијалниот БДП во текот на една годинасе нарекува "јаз„јаз на БДП"БДП“ (''GDP gap''). Кога фактичкиот БДП е над потенцијалниот, тоа значи дека економијата е во фазата на [[експанзија]], којашто може да премине во висока и неконтролирана инфлација. Кога фактичкиот БДП е под потенцијалниот, тогаш економијата се наоѓа во фазата на [[рецесија]], која, ако долго трае и се продлабочува, може да премине во депресија. Движењето на фактичкиот БДП над и под потенцијалниот го одразува само цикличниот развој на економијата, односно ги одразува т.н [[Бизнис циклус]]и или [[економски циклуси]] во економијата – замената на експанзијата со рецесија и обратно.<ref>Таки Фити, ''Економија - Основи на економија'' (трето издание), Економски факултет - Скопје, Скопје, 2010, стр. 309-310.</ref>
 
==БДП во Македонија==