Александар I Батенберг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 38:
Александар I немал политичко образование и имал [[Либерализам|антилиберални]] погледи. Имајќи ја подржката на руските војници и службеници кој биле во служба на [[Бугарија]], се судрил со ''Народното собрание''. Кон крајот на 1879 година, Бугарското собрание било распуштено, меѓутоа во 1880 година повторно либералите имале мнозинство во собранието. Во 1881 година, Александар I организирал државен удар и формирал конзервативна влада на чело со двајца руски генерали: Собољев и Каулбарас. Во собранието сите преставници се обединиле против владата и во септември 1883 година руските генерали поднеле оставка.
 
За да ја сочува својата круна, Александар I дозволил да се формира една либерално-конезравтивна влада, а за да се опрвада пред бугарската јавност истакнал дека тој не е виноврн за државниот удар од 1881 година, туку дека тој бил кренат по барање на рускиот цар [[Александар III (Русија)|Александар III]]. Бугарскиот кнез не се мешал во работата на владата, а на бугарското собранисобрание му дозволил само да ги донесува законите.
 
Во 1885 година, било објавено обединувањето на Кнежеството Бугарија и [[Источна Румелија]], меѓутоа големите сили и [[Руското царство]] се спротиставиле на обединувањето на бугарските земји, бидејќи тоа преставувало кршење на одлуките од [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]]. Европските дипломати организирале конференција за ова прашање, меѓутоа обединувањето на Бугарија било официјализирано кога Александар I Батенберг се прогласил за ''кнез на северна и јужна Бугарија''. Александар I Батенберг со оваа одлука, врз себе го навлекол бесот на рускиот цар [[Александар III (Русија)|Александар III]] кој им наредил на сите [[Руси]] - цивили и војници да ја напуштат бугарската територија.