Лујџи Пирандело: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, ситна поправка |
|||
Ред 1:
{{Infobox writer
| name = Лујџи Пирандело
Ред 14 ⟶ 13:
==Биографија==
Пирандело имал тежок живот, соочен со лудилото на неговата жена и нејзината постојана љубомора, слабо платената професорска работа, обврската да го издржува многубројното [[семејство]], итн. Во едно писмо до францускиот критичар Бенжамен Кремје, Пирандело ја опишал својата [[биографија]] на следниов начин: „Многу брзо ја напуштив [[Сицилија]], во осумнаесеттата година, за да заминам во [[Рим]]. Меѓутоа, една година подоцна, отпатував во [[Германија]] и таму останав две години и половина. Стекнав докторат на [[Универзитетот во Бон]] со теза од романската [[дијалектологија]], напишана на [[германски јазик]]. Од [[Бон]] се вратив во Рим, но оттаму не го понесов [[Хајнрих Хајне|Хајне]], како што често се кажува, туку го донесов [[Гете]], чии ''[[Римски елегии]]'' ги преведов. Од сето тоа ништо не ми остана... Предавав 24 години стилистика на Учителската школа за девојки во Рим, од својата 30-та до 54-та година. Има веќе шест години како не предавам и за тоа бога го благословувам.“<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 147-148.</ref>
Лујџи Пирандело го превртил традиционалниот однос на театарот и стварноста. Во драмата „[[Шест лица го бараат писателот]]“, сцената се претвора во место каде се случува вистинскиот живот. Како [[Марсел Пруст]], така и Пирандело тврди дека уметноста е повредна од животот, и дека смислата на животот постои само во уметноста. ▼
== Творештво ==
Творечкиот опус на Пирандело е особено богат: тој напишал 246 раскази и новели, четири драми и седум романи.
Во едно писмо до францускиот критичар [[Бенжамен Кремје]] (''Benjamin Crémieux''), Пирандело се искажал за својот книжевен успех на следниов начин: „Навистина верувам, во онаа мала мера во која нешто вредам, дека никому ништо не му должам. Сè скромно направив сам. И немав книжевни покровители и многу се борев - повеќе од шест години - за да најдам издавач, со фиоките веќе полни со ракописи. Не го запознав Кардучи, ниту го познавав Данунцио; со Верго стапив во контакт многу доцна... кога имав 80 години... Што се однесува до мене, мил мој Кремје, јас всушност не знам зошто до сега не бев каменуван, но Ви се колнам дека за тоа немам вина.“<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 148.</ref>
==Раскази==
Пирандело напишал вкупно 246 раскази и новели, претежно напишани меѓу 1894 и 1919 година (вкупно, 15 книги). Првата збирка раскази на Пирандело била насловена „Љубови без љубов“ (''Amori senza amore''). Во 1922 година, тој одлучил своиет раскази да ги собере под заедничкиот наслов „Новели за една година“, со намера да создаде 365 новели, колку што изнесува бројот на деновите во годината. За време на неговиот живот, издавачката куќа „Мондадори“ објавила 225 раскази во два големи тома, а по смртта на Пирандело, во оваа збирка биле додадени уште 21 расказ.<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 149-150.</ref>
Во расказите на Пирандело преовладува атмосферата на [[Сицилија]], каде тој ги поминал детството и младоста. Главни протагонисти во неговите „сицилијански“ раскази се рударите, [[гроб]]арите, ѕидарите, нотарите, морнарите, музичарите, поповите и неработниците кои се заплеткуваат во најпарадоксални животни ситуации. Тоа се случки што потсетуваат на средновековните ''fabliaux'' - раскази за насамаренит сопрузи, лихвари и трговци и исмеани попови, како и на легендите од богатото сицилијанско бандитско минато од [[Бурбонци|бурбонскиот]] период, т.е. на богатата фолклорна традиција што живеела во усното раскажување на Сицилија. Втората тематика во расказите на Пирандели е поврзана со римската средина, во која преовладуваат ситни службеници, [[адвокат]]и, лекари, проститутки, професори, просјаци, слуги, дадилки и кочијаши, т.е. римската малограѓанска класа од крајот на [[19 век]]. Тие се ликови кои не веруваат во веродостојноста на својата егзистенција, кои не можат да ја најдат смислата на животот и кои безмилосно ги меле стварноста. Затоа, често тие личности бегаат од стварноста во лудило, во [[самоубиство]] и во [[смрт]]. Пред крајот на животот, Пирандело започнал да пишува речиси „[[Надреализам|надреалистички]]“ новели.<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 149-.</ref>
==Драмски дела==
Вторито дел од својот живот Пирандело речиси целсно му го посветил на драмското творештво: од вкупно 44 драмски дела, 38 ги напишал во периодот по 1916 година. Притоа, голем дел од драмските дела се засновани врз неговите новели. Така, во 28 драми основната содржина може да се најде во неговите новели.<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 150.</ref>
▲
== Наводи ==
Ред 28 ⟶ 33:
== Надворешни врски ==
* {{gutenberg author| id=Pirandello+Luigi| name=Luigi Pirandello}}
* [http://www.pirandelloweb.com/
* [http://www.nobel.se/literature/laureates/1934/press.html
* [http://www.angelfire.com/ego2/olko/cgi-bin/pirandello-press.html
* [http://www.ilnarratore.org/show.php?type=author&language=it&aid=63&tpl=/ita/autore.tpl.html
* [http://www.sicilytourguides.net/Pirandello_tour.htm
* [http://www.360travelguide.com/360VirtualTour.asp?iCode=agr01
* [http://www.oxford.it/ita/main.php?mod=audioLFTHO
{{Нобелова награда за литература}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Пирандело, Лујџи}}
|