Мал Брзовец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 15:
'''Мал Брзовец''' — планински врв на планината [[Бистра (планина)|Бистра]], во западниот дел на [[Македонија]]. Неговата надморска височина изнесува 1.899 метри. Се наоѓа на големиот карпест гребен наречен Брзовец на јужниот дел на планинското било на Бистра, од десната страна на долината на [[Тресонечка Река|Тресонечка Река]] и [[Мала Река (притока на Радика)|Мала Река]] во срцето на [[Мијачија]]та<ref>Шаревски, Марио (2016). Брошура ''„12 Врвови“'', стр. 18</ref>. Се издигнува веднаш над селото [[Тресонче]]. Во подножјето на Брзовец во линија југоисточно од врвот, веднаш до десниот брег на бујните брзаци на Тресонечка Река се наоѓа пештерата [[Алилица]]. Поради издаденоста и географска поставеност од врвот Мал Брзовец се пружа прекрасна глетка на целата долина на Мала Река со панорамски поглед на [[Тресонче]], [[Селце (Ростушко)|Селце]] и глетка на селото [[Лазарополе]] како орлово гнездо на дланка, а кон север се пружа глетка на планина [[Бистра (планина)|Бистра]] со нејзините највисоки врвови Меденица, Чавкарник, Ќурков Дол. До врвот може да се пристапи од селото [[Тресонче]] веднаш над малата хидроцентрала, по трансверзална патека пробиена за искачувањето во рамки на [[Планинарски предизвик „12 Врвови“|планинарскиот предизвик „12 Врвови“]].
 
==Галерија==
{{Бистра}}
 
==Наводи==
<references />
 
{{Бистра}}
 
[[Категорија:Планински врвови]]