Јохан Тарчуловски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 46.217.177.125 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Тиверополник|Ти...
Ред 46:
Тарчуловски бил екстрадиран во [[Хаг]] на [[16 март]] [[2005]] година. Обвинителниот акт во случајот „Љуботен“ бил поднесен на [[15 март]] [[2005]] година, а јавната расправа започнала на [[16 август]] [[2007]] година.<ref>''Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15 март 2005, изменет и дополнет на 2 ноември 2005 (http://un.org.icty)''</ref> На судењето, Тарчуловски бил осуден на затворска казна во тарење од 12 години, која подоцна му била намалена на осум години. Притоа, тој отслужил шест години во затворот во [[Шевенинген]], а останатите две години во градот Диц, [[Германија]]. На [[10 април]] [[2013]] година, Тарчуловски бил ослободен од затворот. Притоа, при неговото враќање дома, на аеродромот го пречекале премиерот [[Никола Груевски]], највисоките раководители на ВМРО-ДПМНЕ, неговото [[семејство]] и илјадници поддржувачи, а прославата продолжила на плоштадот во Скопје. Исто така, премиерот Груевски и претседателот [[Ѓорге Иванов]] му приредиле официјален пречек во своите кабинети, оддавајќи му почит за жртвата што ја поднесол за својата татковина.<ref>Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, ''Фокус'', број 1100, 4 ноември 2016, стр. 20-23.</ref>
 
По враќањето во Македонија, Тарчуловски станал организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, тој дипломирал на Земјоделскиот факултет на [[Универзитет „Гоце Делчев“|Универзитетот „Гоце Делчев“]]. Според податоците од Централниот регистар, Тарчуловски е сопственик на [[Трговско друштво|трговското друштво]] „Мел-Ком транс“ [[Друштво со ограничена одговорност со едно лице|ДОЕЛ]], регистрирана со претежна дејност патен транспорт, а чиј управител е неговата сопруга Соња Тарчуловска. Фирмата била основана на [[21 јули]] [[2008]] година (додека Тарчуловски се наоѓал в затвор), а била регистрирана со почетен паричен влог од 10.000 [[Евро|евра]] и непаричен влог од 22.000 евра. Во [[2014]] година, фирмата остварила вкупен приход од 269.733 евра и вкупни расходи од 261.159 евра, додека во 2015 година, вкупните приходи изнесувале 343.729 евра, а вкупните расходи 336.192 евра.<ref>Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, ''Фокус'', број 1100, 4 ноември 2016, стр. 20-23.</ref>
 
Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка [[Соња Тарчуловска]] со која имаат две деца.