Јохан Тарчуловски: Разлика помеѓу преработките
→Поврзано
Нема опис на уредувањето |
|||
Тарчуловски бил екстрадиран во [[Хаг]] на [[16 март]] [[2005]] година. Обвинителниот акт во случајот „Љуботен“ бил поднесен на [[15 март]] [[2005]] година, а јавната расправа започнала на [[16 август]] [[2007]] година.<ref>''Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15 март 2005, изменет и дополнет на 2 ноември 2005 (http://un.org.icty)''</ref> На судењето, Тарчуловски бил осуден на затворска казна во тарење од 12 години, која подоцна му била намалена на осум години. Притоа, тој отслужил шест години во затворот во [[Шевенинген]], а останатите две години во градот Диц, [[Германија]]. На [[10 април]] [[2013]] година, Тарчуловски бил ослободен од затворот. Притоа, при неговото враќање дома, на аеродромот го пречекале премиерот [[Никола Груевски]], највисоките раководители на ВМРО-ДПМНЕ, неговото [[семејство]] и илјадници поддржувачи, а прославата продолжила на плоштадот во Скопје. Исто така, премиерот Груевски и претседателот [[Ѓорге Иванов]] му приредиле официјален пречек во своите кабинети, оддавајќи му почит за жртвата што ја поднесол за својата татковина.<ref>Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, ''Фокус'', број 1100, 4 ноември 2016, стр. 20-23.</ref>
По враќањето во Македонија, Тарчуловски станал организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, тој дипломирал на Земјоделскиот факултет на [[Универзитет „Гоце Делчев“|Универзитетот „Гоце Делчев“]].
Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка [[Соња Тарчуловска]] со која имаат две деца.
|